| четврток, 6 декември 2018 |

АлсатМ: Одбраната ќе бара оштета за “Монструм”

Случајот Монструм сега започнува од точката нула. По речиси шест години во затворите во земјата, осудените лица од овој случај ќе имаат можност да се бранат од слобода. Сепак, според одбраната за времето поминато по затворите во земјата, тие мора да бидат обесштетени.

– Секако, како и во случајот Сопот така и во овој случај ќе бараме надомест за оние години кои без вина беа во притвор. Единствениот предуслов за оваа барање е, знаете тоа е правосилна пресуда и тоа е едноставна инертна постапка и имате право на обештетување, тоа е работа која автоматски ќе се реализира бидејќи ќе бидат ослободени овие обвинети за кои сум убеден дека тие не се виновни и епилогот ќе биде таков што ќе бидат ослободени од ова обвинение, изјави адвокатот Насер Рауфи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top