Најпрестижната велосипедска трка Тур де Франс заврши овој викенд, но тоа им даде инспирација на Новак Ѓоковиќ и неговиот тим за нешто поинаков тренинг и подготовки за продолжение на сезоната.
Летниот одмор е зад Ноле и како изминува времето тој го засилува интезитетот на тренингот.
Во текот на вчерашниот ден Ѓоковиќ на својот фејсбук профил напиша дека има јак и исцрпувачки тренинг со велосипед.
– Додека јас возев велосипед на нагорнина мојот тим се возеше со автомобил и цело време навиваше – напиша Ѓоковиќ.
Најдобриот тенисер на светот напорно се подготвува за последниот гранслем оваа сезона, отвореното првенство на САД кое започнува на 25 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




