| четврток, 6 декември 2018 |

Филмскиот фонд на Македонија учесник на првиот меѓународен собир на филмски фондови

movies

Филмскиот фонд на Република Македонија учествуваше на првиот меѓународен собир на филмски фондови кој се одржа од 15-ти до 17-ти февруари, на кој учествуваа дваесет филмски фондови од  Северна и Јужна Америка, Европа, Азија, Средниот Исток и Австралија. Меѓународниот собир годинава се одржа за прв пат и истиот е организиран на иницијатива на организацијата ACE (Ateliers du Cinéma Européen) и Израелскиот филмски фонд  и е поддржан од МЕДИА Мундус.

Собирот беше реализиран со цел размена на најдобрите искуства, а меѓу другото  се разговараше и за значајните предизвици на системот на финансирање на филмови, како и поддршката за дистрибуција  на независно произведените филмови. За периодот што следи па се до наредниот собир  предвидени се истражувања и состаноци на работните групи со цел  да се дефинираат најдобрите искуства и да се постават клучните елементи за остварување на целите за подобар развој и соработка на филмските фондови. На дводневниот собир од страна на учесниците, директори на филмските фондови од Европа и Израел се донесе заклучок дека треба да се превземат заеднички мерки за унапредување на работата на филмските фондови и агенции во светот кои покажуваат подготвеност да се приклучат на BPX иницијативата.

Тековната работа на BPX во наредните дванаесет месеци ќе биде координирана и водена од страна на организацијата ACE, која ќе раководи со истражувањата, ќе организира и свикува состаноци на работните групи, и ќе го планира наредниот собир  на BPX учесниците, планиран за 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top