Македонија ќе се претстави со три филма на 25. фестивал во Трст, Италија, кој се одржува од 17 до 22 јануари, соопшти Филмскиот фонд на РМ.
Во официјална кункуренција на документарни филмови учествува филмот „Мама Европа“ на Петра Селишкар, а во конкуренција на кратки филмови – анимираниот „Алерик“ на Вук Митевски.
Во склоп на филмскиот маркет WEMW (When East Meet West) ќе биде претставен дебитантскиот филмски проект „Крани“ на Ѓорче Ставревски, кој е еден од петнаесетината селектирани во конкуренција од над 300 пријавени проекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.