| четврток, 6 декември 2018 |

Филмскиот фонд ќе финансира 78 проекти: нови филмови на Митриќески, Тренчовски, Русјаков, Панов…

Од Филмски фонд информираат дека со усвоената програма ќе се финансираат вкупно 78 филмски проекти, а годинешната програма била усвоена на крајот на декември. Пари за нови филмски проекти ќе добија Теона Митевска, Александар Русјаков, Антонио Митриќески, Митко Панов, Горан Тренчовски и Даријан Пејовски.

 Сценариото на филмот за Теона Митевска го напиша самата таа, исто и Русјаков, додека Митриќески ќе снима според сценариото на Венко Андоновски. Автор на сенариото за филмот на Митко Панов е Владислав Пашиковски, а за филмот на Тренчовски сценариото е на Братислав Ташковски.

Уште тројца режисери ќе добијат финансиска поддршка од фондот, Висар Морина, Јан Цвитковиќ и Срѓан Драгојевиќ, кои за своите проекти ќе добијат по пет милиони денари.

Филмски фонд оваа година ќе финансира и седум документарни филмови, чиишто автори се: Владимир Блажевски, Блаже Дулев, Сабидин Али, Арсим Фазлија, Бајрам Бајрами, Саша Станишиќ и Само Миленковски.

Средства од фондот за кратки играни филмови ќе добијат: Петар Џуровски, Сенад Абдули, Марко Ѓоковиќ и Косара Митиќ, како и Ибрахим Деари, Владимир Митревски, Илчо Царевски и Георги Унковски.

Со финансиска поддршка на Фондот ќе бидат реализирани сладниве анимирани филмови: „Девојката што паѓа“ во режија на Владимир Лукаш, а по текст на Иван Шопов, како и „Готлиб“ по текст и во режија на Крсте Господиновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top