| четврток, 6 декември 2018 |

Германија и САД заложници на грчкото влијание врз еврото

Последната посета на Нуланд и пораките на Меркел јасно покажуваат дека Вашингтон и Берлин се свесни кој е во право во спорот и на чија страна е меѓународното право, но, сепак, и покрај тоа, не смеат да си дозволат да извршат силен притисок врз грчкиот премиер Андонис Самарас да попушти за да не ја загрозат грчката влада, а со тоа и планот за спас од финансиската криза, со што директно би се загрозиле еврото и целата еврозона

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

На го­диш­на­та сред­ба на ли­де­ри­те од ре­ги­о­нов во рам­ки на про­це­сот „Бр­до – Бри­о­ни“ гер­ман­ска­та кан­це­лар­ка Ан­ге­ла Мер­кел јав­но го со­оп­шти тоа што со ме­се­ци се шпе­ку­ли­ра­ше. Иа­ко и таа има проб­лем со кре­а­тив­но­ста во на­о­ѓа­ње­то но­ви ком­би­на­ции за ком­про­мис­но име, офи­ци­ја­лен Бер­лин приз­на де­ка е акти­вен дел од про­це­сот и ра­бо­ти на кон­крет­ни пред­ло­зи.

Ка­ко што пре­не­се и вес­ни­кот „Ка­ти­ме­ри­ни“, кој ва­жи за про­дол­же­на ра­ка на глав­на­та пар­ти­ја во грч­ка­та ко­а­ли­ци­ска вла­да, на чие че­ло е Ан­до­нис Са­ма­рас, кој, за­ед­но со не­го­ви­от за­ме­ник Еван­ге­лос Ве­ни­зе­лос, ва­жи за „мер­ке­лист“, гер­ман­ска­та кан­це­лар­ка ка­ко ли­дер на нај­моќ­на­та европ­ска зем­ја про­го­во­ри за то­ва­рот што две­де­це­ни­ски­от спор му го но­си на Бри­сел. По­ли­тич­ки­те про­тив­ни­ци на не­ко­гаш­ни­от член на би­вша­та Ко­му­ни­стич­ка пар­ти­ја на Де­мо­крат­ска Ре­пуб­ли­ка Гер­ма­ни­ја че­сто твр­дат де­ка таа во жа­рот на по­ли­тич­ка­та би­тка по­не­ко­гаш не ја ка­жу­ва це­ла­та ви­сти­на за да го за­др­жи реј­тин­гот, но ре­тко кој ќе ре­че де­ка таа не­по­треб­но да­ва из­ја­ви.

Тие што не ја поз­на­ва­ат до­бро Мер­кел ќе ре­чат де­ка се ра­бо­ти за уште ед­на праз­на ре­то­ри­ка на европ­ски­те по­ли­ти­ча­ри, кои че­сто зна­ат да ка­жат не­што са­мо за да да­дат на­деж, а во исто вре­ме тоа да би­де не­ви­сти­ни­то. Тие што до­бро ја поз­на­ва­ат неј­зи­на­та лич­ност и на­чин на ре­ша­ва­ње на ра­бо­ти­те се си­гур­ни де­ка зад збо­ро­ви­те на Мер­кел во Ду­бров­ник има аген­да. Гер­ман­ска­та кан­це­лар­ка на са­ми­тот на ли­де­ри­те од Ју­го­и­сточ­на Евро­па не мо­ра­ше да го ко­мен­ти­ра спо­рот за име­то. Та­му не­ма­ше грч­ки прет­став­ни­ци, но ду­ри и да има­ше грч­ки пре­тсе­да­тел на фо­ру­мот, таа мо­же­ше со­се­ма ко­мот­но да се ди­стан­ци­ра од пра­ша­ње­то од кое, осо­бе­но по са­ми­тот на НА­ТО во Бу­ку­решт, а уште по­ве­ќе по ха­шка­та пре­су­да про­тив Гр­ци­ја, бе­га­ат го­лем број европ­ски прет­став­ни­ци ка­ко ѓа­вол од крст.

Со са­мо­то тоа што на Стра­дун приз­на де­ка за „европ­ски­от то­вар“ по­тро­ши­ла вре­ме и лич­но се оби­де­ла да нај­де при­фат­лив пред­лог, Мер­кел нај­а­ви де­ка не­ма да се отка­же од на­о­ѓа­ње­то ре­ше­ние кое не е цел са­мо за се­бе, ту­ку тре­ба да до­не­се влез на Ма­ке­до­ни­ја во НА­ТО и во ЕУ. Се раз­би­ра, са­мо­то тоа што Мер­кел про­го­во­ри за еден од нај­чуд­ни­те ме­ѓу­др­жав­ни спо­ро­ви во акту­ел­на­та свет­ска по­ли­ти­ка не зна­чи де­ка Ма­ке­до­ни­ја тре­ба да се ра­ду­ва од­на­пред.

Про­стор за оп­ти­ми­зам, се­пак, има. До­кол­ку же­на­та што до­не­су­ва од­лу­ки на­ви­сти­на се за­фа­ти со ова пра­ша­ње и, осо­бе­но, ако, на­ви­сти­на, е ре­ше­на да ја вне­се Ма­ке­до­ни­ја во НА­ТО и во ЕУ, тоа мо­же да би­де нај­до­бра­та шан­са за ре­ша­ва­ње на дол­го­го­диш­ни­от спор. Го­лем број наб­љу­ду­ва­чи сме­та­ат де­ка од мо­мен­тот ко­га таа ла­ни во но­ем­ври со­се­ма не­о­че­ку­ва­но во сво­јот ка­би­нет во Бер­лин го по­ви­ка по­сред­ни­кот Мет­ју Ни­миц, Гер­ма­ни­ја ди­рект­но се вклу­чи­ла во про­це­сот и со тоа шан­си­те за кра­тко вре­ме да се ре­ши спо­рот по­рас­наа мно­гу. Сѐ до­се­га ни­ту Мер­кел ни­ту кој би­ло друг гер­ман­ски по­ли­ти­чар не про­го­во­рил за на­чи­нот на кој Бер­лин се оби­ду­ва да им по­мог­не на две­те зем­ји, но и на Евро­па за да го трг­не спо­ме­на­ти­от то­вар.

– Во Гер­ма­ни­ја ве­ли­ме де­ка ком­про­ми­сот е на­пра­вен ко­га две­те стра­ни се иден­тич­но не­среќ­ни – из­ја­ви Мер­кел во Ду­бров­ник, при што за Ма­ке­до­ни­ја за­бе­ле­жи де­ка ќе ѝ би­де доз­во­ле­но да ги про­дол­жи на­пре­до­кот и на­по­ри­те за да им се при­дру­жи на ЕУ и на НА­ТО. Мер­кел не спо­ме­на ко­ја би би­ла при­до­би­вка­та за Гр­ци­ја од евен­ту­а­лен ком­про­мис.

Мно­гу ана­ли­зи мо­же да се на­пра­ват од неј­зи­ни­те збо­ро­ви ка­жа­ни во Ду­бров­ник. За по­го­лем дел од ма­ке­дон­ска­та јав­ност, ко­ја во­о­би­ча­е­но е скеп­тич­на на за­пад­ни­те идеи, неј­зи­ни­те збо­ро­ви спо­ред кои „ре­ше­ни­е­то ду­ри и ако тоа ги раз­о­ча­ра две­те стра­ни“ мо­же да зна­чи де­ка Ма­ке­до­ни­ја ќе мо­ра да го сме­ни име­то и да го за­гу­би сво­јот иден­ти­тет, а пе­си­ми­сти­те во Ати­на ќе сме­та­ат де­ка Гр­ци­ја, ако Бер­лин при­тис­не со се­та си­ла, ќе ка­пи­ту­ли­ра и ќе го за­гу­би пра­во­то на исто­ри­ска Ма­ке­до­ни­ја. Вни­ма­тел­ни­те чле­но­ви на ка­би­не­тот на Мер­кел зна­ат ка­кви ќе би­дат ре­ак­ци­и­те во јав­но­ста во две­те зем­ји и за­тоа ѝ су­ге­ри­раа отво­ре­на, но, се­пак, воз­др­жа­на ре­то­ри­ка за ни­кој да не мо­же да се по­чув­ству­ва ка­ко по­бед­ник во евен­ту­ал­но ре­ше­ние на спо­рот. Во се­кој слу­чај, ни­кој не се сом­не­ва де­ка и гер­ман­ска­та ини­ци­ја­ти­ва мо­же да би­де над­вор од прин­ци­пи­те на Обе­ди­не­ти­те на­ции, ме­ѓу­на­род­но­то пра­во и нор­ми­те и, се­ка­ко, (иа­ко тоа не се оче­ку­ва ни­кој да го по­тен­ци­ра пред Гр­ци­ја) не мо­же да би­де спро­тив­на на пре­су­да­та на Ме­ѓу­на­род­ни­от суд во Хаг. Стравот на Вашингтон и Берлин дека притисокот за името врз Самарас може да предизвика пад на владата во Атина, а со тоа и нова криза во еврозоната не им дозволува да бидат праведни и да ја прекинат неморалната игра на грција. Самарас е последниот голем грчки играч кој што може да го спроведе планот за заздравување на националната економија и да го спаси еврото. Во Ципрас, Германија и ЕУ немаат партнер. Лидерот н СИРИЗА веднаш ќе го напушти планот за штедење и Грција за три месеци ќе прогласи банкрот. Затоа и Обама и Меркел се толку внимателни со Самарас иако знаат за каков националист и манипулант се работи.

 

Kolumna98-2

 

Ста­би­ли­зи­ра­ње на Бал­ка­нот пред еска­ла­ци­ја во дру­ги ре­ги­о­ни

Праг­ма­тич­на­та Гер­ман­ка, ко­ја, са­мо еден ден отка­ко да­де на­лог за да се про­те­ра ше­фот на ЦИА од Бер­лин, се­де­ше со ру­ски­от пре­тсе­да­тел Вла­ди­мир Пу­тин на „Ма­ра­ка­на“ во Рио де Жа­не­и­ро, ве­ро­јат­но се гри­жи за Ма­ке­до­ни­ја и за Гр­ци­ја, но во исто вре­ме има и свои ин­те­ре­си. Ни­кој не знае да­ли таа на Пу­тин во све­че­на­та ло­жа му се за­ка­ни со санк­ции или двај­ца­та ли­де­ри во­деа при­ја­тел­ски раз­го­вор за ру­ски­те енер­ген­ти од кои сѐ уште за­ви­си гер­ман­ска­та еко­но­ми­ја, но ед­но е си­гур­но – Гер­ма­ни­ја ка­ко гла­вен играч на европ­ски­от кон­ти­нент ќе на­пра­ви сѐ за да ги спро­ве­де на­ци­о­нал­ни­те при­о­ри­те­ти, кои во нај­го­лем дел се иден­тич­ни со тие на ЕУ. Во ус­ло­ви ко­га кри­за­та во Укра­и­на мо­же да еруп­ти­ра и да вов­ле­че по­го­лем број зем­ји во конф­ликт од по­ши­ро­ки раз­ме­ри и ко­га на Бли­ски­от Исток по­втор­но зо­ври­ва си­ту­а­ци­ја­та, при што ни­кој не иск­лу­чу­ва нов изра­ел­ско-арап­ски конф­ликт на сре­ден рок, за­тво­ра­ње­то на спо­рот ме­ѓу Гр­ци­ја и Ма­ке­до­ни­ја тре­ба да го ста­би­ли­зи­ра Бал­ка­нот. Гер­ма­ни­ја ка­ко гла­вен еко­ном­ски парт­нер во ре­ги­о­нов има свои ин­те­ре­си во не­го и ќе ин­си­сти­ра тие да би­дат обез­бе­де­ни. Еден од на­чи­ни­те за Бал­ка­нот да би­де дол­го­роч­но ста­би­лен е, по­крај сми­ру­ва­ње­то на срп­ско-ко­сов­ски­от конф­ликт, кој за­се­га ус­пеш­но се ме­на­џи­ра, и сми­ру­ва­ње­то на бо­сан­ски­от ло­нец, да се за­тво­ри са­га­та на ре­ла­ци­ја Ати­на – Скоп­је. Со тоа си­те зем­ји во ре­ги­о­нов ќе мо­жат да се кон­цен­три­ра­ат на еко­но­ми­ја­та и на тр­гов­ска­та раз­ме­на со сво­и­те за­пад­ни парт­не­ри, но и да со­ра­бо­ту­ва­ат на по­ле­то на швер­цот со дро­га, тр­го­ви­ја­та со лу­ѓе и, пред сѐ, во ели­ми­ни­ра­ње­то на мож­но­ста од ин­фил­тра­ци­ја на те­ро­риз­мот на европ­ско тло пре­ку та­ка­на­ре­че­на­та бе­ла Ал Ка­е­да.

 

Ка­ко мо­же Гер­ма­ни­ја да вли­јае на Гр­ци­ја и на Ма­ке­до­ни­ја?

Во слу­ча­јот со Ма­ке­до­ни­ја, на офи­ци­ја­лен Бер­лин му е мно­гу по­лес­но. Ма­ке­до­ни­ја, спо­ред сѐ уште не­по­твр­де­ни, но де­лум­но об­ја­ве­ни ин­фор­ма­ции, до­се­га при­фат­ли­ва не­кол­ку ва­ри­јан­ти со раз­ни одред­ни­ци, до­да­вки, ре­дос­ле­ди и ими­ња. Во си­те се по­сто­ја­ни Ре­пуб­ли­ка и Ма­ке­до­ни­ја. Тоа што не би тре­ба­ло да би­де проб­лем за гер­ман­ски­те екс­пер­ти е да га­ран­ти­ра­ат де­ка Гр­ци­ја по евен­ту­ал­но ре­ше­ние и пот­пи­шан до­го­вор не­ма да ата­ку­ва на иден­ти­тет­ски­от кор­пус пра­ша­ња, ка­ко име­то на на­ци­ја­та, ја­зи­кот, до­ку­мен­ти, Уста­вот и слич­ни те­ми за кои не­ма што да се раз­го­ва­ра со дру­га зем­ја.

Гер­ма­ни­ја ка­ко зем­ја што пра­ктич­но ја спа­си грч­ка­та еко­но­ми­ја со по­мо­шта што ја ини­ци­ра­ше и ја до­ста­ви до Гр­ци­ја (за ко­ја, нај­ве­ро­јат­но, ќе би­дат по­треб­ни уште па­ри од спе­ци­јал­но ди­зај­ни­ра­ни­те фон­до­ви) не би тре­ба­ло да има проб­лем со јуж­ни­от со­сед на тоа по­ле. Проб­ле­мот ќе се по­ја­ви пред во­оп­што да се дој­де до тоа пра­ша­ње за­тоа што на че­ло на Гр­ци­ја е еден од лу­ѓе­то што го соз­да­доа спо­рот за име­то и кој це­ла­та сво­ја по­ли­тич­ка ка­ри­е­ра ја гра­ди на при­ка­жа­ни­от на­ци­о­на­ли­зам од тоа вре­ме, на по­че­то­кот на 90-ти­те го­ди­ни од 20 век, ко­га Са­ма­рас се пов­ле­че и ја ур­на грч­ка­та вла­да не­за­до­во­лен од ме­ки­от став кон ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње и но­ва­та др­жа­ва на се­вер од Гр­ци­ја. Евен­ту­ал­ни­от гер­ман­ски при­ти­сок на акту­ел­ни­от пре­ми­ер, кој ве­ќе има пос­лаб реј­тинг од СИ­РИ­ЗА по­ра­ди ста­вот на Ци­прас за мер­ки­те за ште­де­ње, иа­ко тоа не е тол­ку ве­ро­јат­но ка­ко пред две го­ди­ни и се­га мо­же да зна­чи пад на вла­да­та, но и на це­ли­от грч­ки еко­ном­ски си­стем и но­ва кри­за на евро­то, се­ка­ко, не е жел­ба на Мер­кел. Спо­ред јав­но ка­жа­но­то, до­се­га не­ма при­чи­на да се ве­ру­ва де­ка Мер­кел ќе го за­бо­ра­ви тоа што го рек­ла во Ду­бров­ник. Во исто вре­ме тре­ба да се би­де ре­а­лен и да се приз­нае де­ка ако Гр­ци­ја во 2008 го­ди­на из­др­жа се­ри­о­зен при­ти­сок од ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Буш за про­ши­ру­ва­ње­то на НА­ТО, се­га по­втор­но лес­но ќе мо­же да го из­др­жи евен­ту­ал­ни­от на­лет на Бер­лин. Осо­бе­но за­тоа што то­ва­рот на спо­рот за име­то што го чув­ству­ва­ат европ­ски­те ли­де­ри не се чув­ству­ва и во Ати­на на ист на­чин и со ист ин­тен­зи­тет.

Мер­кел и иден­ти­те­тот

Ве­ро­јат­но са­мо не­кол­ку­ми­на око­лу Мер­кел, со ко­и­што се кон­сул­ти­ра за сво­и­те из­ја­ви, мо­жат да пре­ци­зи­ра­ат што на­ви­сти­на мис­ле­ше таа ко­га го спо­ме­на иден­ти­те­тот по­крај име­то ка­ко преч­ка што по­стои ме­ѓу Гр­ци­ја и Ма­ке­до­ни­ја. Ако се сле­ди неј­зи­ни­от ли­чен и при­ме­рот на Гер­ма­ни­ја по ова пра­ша­ње, не мо­же мно­гу да се зак­лу­чи. Со­о­че­ни со де­ба­ти за единс­тве­ни­от гер­ман­ски иден­ти­тет, кој сѐ уште во­ди би­тка со источ­но­гер­ман­ски­от иден­ти­тет, но и со европ­ски­от иден­ти­тет, чиј­што нај­го­лем про­мо­тор е ток­му Бер­лин, а во исто вре­ме под при­ти­сок на рас­теч­ко­то вли­ја­ние на на­ци­о­нал­ни­от иден­ти­тет на ми­ли­о­ни­те стран­ци што жи­ве­ат и ра­бо­тат во зем­ја­та, не мо­же да се про­тол­ку­ва што точ­но са­ка­ше да ка­же кан­це­лар­ка­та Мер­кел со спо­ме­ну­ва­ње­то на иден­ти­те­тот. Оп­ти­ми­стич­ка­та ва­ри­јан­та за Ма­ке­дон­ци­те би би­ла де­ка ни­кој не мо­же да го од­зе­ме пра­во­то се­кој чо­век и ко­ле­кти­ви­тет да се на­ре­ку­ва и да се чув­ству­ва ка­ко што са­ка и во тој кон­текст Ма­ке­дон­ци­те и на­та­му ќе си оста­нат тоа што се. Пе­си­ми­стич­ка­та ва­ри­јан­та е де­ка две­те др­жа­ви и на­ции, спо­ред гер­ман­ски­те ви­ду­ва­ња, има­ат пра­во на ма­ке­дон­ски иден­ти­тет и де­ка, пред да се дој­де до ре­ше­ние, ќе мо­ра да се над­ми­нат пра­ша­ња­та кој има пра­во да се на­ре­ку­ва Ма­ке­до­нец, ка­ко др­жав­ја­ни­те на Ма­ке­до­ни­ја ќе се пи­шу­ва­ат во ре­ги­стри­те на ОН и на ЕУ, ка­ко ќе се на­ре­ку­ва ја­зи­кот со кој ма­ке­дон­ски­те дип­ло­ма­ти ќе го­во­рат во ЕУ и мно­гу дру­ги пра­ша­ња кои, во су­шти­на, отсе­ко­гаш би­ле нај­го­ле­ма преч­ка за над­ми­ну­ва­ње на спо­рот. До­кол­ку и Мер­кел влег­ла во грч­ки­те ше­ми, спо­ред кои но­во­ком­по­ни­ра­на­та два и пол­ми­ли­он­ска „ма­ке­дон­ска под­на­ци­ја“ ги има исти­те пра­ва да се на­ре­ку­ва ма­ке­дон­ска во европ­ски­те и во ме­ѓу­на­род­ни­те на­по­ри, то­гаш из­ја­ва­та на кан­це­лар­ка­та во Ду­бров­ник не­ма ни­ту смис­ла ни­ту упо­треб­на вред­ност. Што, на­ви­сти­на, мис­ли Мер­кел не мо­же да се ви­ди ни пре­ку ана­ли­за на де­ло­ви­те за на­ци­о­на­лен иден­ти­тет во пла­тфор­ма­та на неј­зи­на­та Хри­сти­јан­ско-де­мо­крат­ска уни­ја (ЦДУ). Во ма­ни­фе­стот, на при­мер, од из­бо­ри­те во 2005 го­ди­на ко­га таа дој­де на власт не­ма пре­циз­но де­фи­ни­ра­ње или на­ве­ду­ва­ње на на­ци­о­нал­ни­от иден­ти­тет. Во не­го се ве­ли де­ка ЦДУ ги вред­ну­ва на­ци­о­нал­но­то единс­тво и за­јак­ну­ва­ње­то на па­три­о­тиз­мот. Во ма­ни­фе­стот во кој мо­же да се нај­дат не­ка­кви ана­ло­гии ка­ко Мер­кел го гле­да на­ци­о­нал­ни­от иден­ти­тет за вна­треш­на упо­тре­ба, се­пак, не мо­же да се ви­ди што зна­чи ко­га тој тре­ба да ги над­ми­не гра­ни­ци­те на ед­на др­жа­ва уште по­мал­ку ко­га две зем­ји по­ла­га­ат пра­во на еден иден­ти­тет, ма­ке­дон­ски­от.

 

(објавено во 98. број на неделникот „Република“, 18.07.2014)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top