Холандија ќе испрати 40 припадници на воената полиција на местото на авионската несреќа во Украина за да ја стабилизира зоната, изјави холандскиот премиер Марк Руте.
-Владата ја разгледува можности за воспоставување постабилна состојба за враќање на телата, кои се уште се на местото несреќата – рече Руте прецизирајќи дека во Украина ќе бидат испратени 23 холандски истражители и 40 невооружени членови на полицијата за поддршка.
Тој изјави дека се разгледуваат можности за поголемо стабилизирање на зоната.
-Не е сигурно дека тоа ќе се случи, бидејќи се потребни меѓународни договори, правни овластувања и проверки – рече холандскиот премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона