| четврток, 6 декември 2018 |

Може и ќе не бидне, фудбалските легенди Најдоски, Ќириќ и Станојковиќ на клучни позиции

Фудбалската федерација на Македонија повлече добар потег со назначување на фудбалските легенди на клучни позиции во двете репрезентации, сениорската и младинската за играчи до 21 година.

Вујадин Станојковиќ ќе биде вршител на должноста селектор на младата селекција на двата последни квалификациски натпревари со Израел, дома и на гости, а во истата селекција Саша Ќириќ ќе ја обавува функцијата технички менаџер. И двајцата како играчи имаа одлични кариери и го носеа дресот на македонската репрезентација.

Во фудбалот по долга апстиненција се враќа и Илија Најдоски, еден од треите македонски фудбалери што ја освоил титулата европски првак во КЕШ или ЛШ. Најдоски ќе биде технички менаџер на А селекцијата на Македонија, токму пред стартот на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2016 во Франција.

Претходно уште еден наш поранешен репрезентативец, Бошко Ѓуровски, ја доби одговорната задача да биде селектор на сениорите, што дава надеж дека македонскиот фудбал е на вистински пат за излез од пат-позицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top