Повеќе од 40 лица загинаа во авионската несреќа која се случи во Тајван, јави кинеската агенција „Синхуа“. Несреќата се случила по слетувањето на патничкиот авион на компанијата „Трансазија“. Деталите од несреќата не се познати, но според првите инфорамции се работи за авионот АТР 72 кој летал на локалниот лет ГЕ222. Во авионот имало 54 патници и членови на екипажот.
Авионот од меѓунаордниот аеродром Каохсиунг полетал во 17 часот по локално време, а требал да слета 35 минути подоцна. Но, според информациите, летот завршил еден час по предвиденото време за летање.
Информациите за несреќата се различни-некои извори тврдат дека било извршено принудно слетување, а според други до несреќата дошло за време на слетувањето на локалниот аеродром Магонг. Се претпоставува дека силното невреме е причина за несреќата, а според непотрвдени информации дошло до ексползија и авионот се запалил. Некои извори напоменуваат дека авионот удрил во неколку куќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.