
Атрактивната холивудска двојка Шарлиз Терон и Шон Пен планираат да се венчаат и да посвојат дете, пишуваат американските списанија „Пипл“ и „Ју Ес Викли“.
Шон и Шарлиз наскоро ќе отпатуваат во Јужна Америка. Двајцата ќе работат на филмот „Последното лице“, чиј режисер е Шон, а Шарлиз глуми во овој филм. Потоа ги очекува свадба, а потоа планираат да посвојат дете.
Шарлиз одамна сака уште едно дете. Пред две години актерката го посвои малиот Џексон. Шон има две деца од бракот со Робин Рајт, 23-годишната ќерка Дилан и 20-годишниот син Хупер.
Шарлиз и Шон ја започнале својата врска кон крајот на минатата година, по 18-годишно пријателство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


