| четврток, 6 декември 2018 |

Петар Ангелов: Историска шанса за Македонија

Македонскиот репрезентативен голман и чувар на мрежата на Вардар Петар Ангелов-Диви смета дека Македонија се најде во релативно лесна група на СП во Катар 2015. Според него, ова е огромна шанса за “црвено-жолтите” за историски успех на мундијалите, но и можност за пласман во квалификациите за ОИ.

– Групата во која што се најдовме е речиси идеална за Македонија. Сега имаме голема шанса за врвен резултат. Не сакам да ги потценам противниците, туку мислам дека ние сме многу поискусни за разлика од досегашните настапи и ова би требало да биде круна на успехот на оваа генерација. Очекувам да избориме и место во квалификациите за пласман на Олимписките игри. За еден дел од репрезентативците ова ќе биде и последно СП, затоа сметам дека е време за голем резултат. Но, пред нас има уште многу време до светскиот шампионат, поради тоа најважно е да бидеме живи и здрави, да не се повреди некој од репрезентативците, а тоа што знаеме и умееме ќе го покажеме во Катар – изјави Петар Ангелов.

извор: РК Вардар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top