| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските претставници ги добија своите противници во еврокуповите

Македонските ракометни екипи на денешното извлекување на двојките ги добија ривалите во еврокуповите, ЕХФ куп, Куп на купови и Челинџ куп.
Во ЕХФ купот Зомимак од Струмица во 1.коло ќе игра против Горник Забржје од Полска, а првиот натпревар се игра на теренот на противникот. Термини за одигрување на дуелите се: 6 или 7 септември и 13 или 14 септември. Победникот од овој двомеч во следната рунда ќе игра со Минск од Белорусија.
Битолски Пелистер во Челинџ купот ќе ги почне од третото коло, каде ќе игра со екс европскиот првак Дукла Прага од Чешка. Првиот натпревар се игра во Прага, а термин е 22 или 23 ноември. Реваншот е во Битола на 29 или 30 ноември.
ЖРК Металург во Купот на куповите во 3.коло за противник ја доби унгарската екипа Шиофок. Првиот натпревар се игра на 15 или 16 ноември во Скопје, а реваншот на 22 или 23 ноември во Унгарија.
И втората македонска женска екипа ќе има противник од Унгарија. Вториот тим на ЖРК Вардар ќе игра во 3.коло од ЕХФ купот против Дунајварош. Првиот натпревар се игра во Унгарија, а реваншот во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top