| четврток, 6 декември 2018 |

Германски пратеник предлага испраќање „сини шлемови“ во Украина

ukraina_tenkovi_vojnik

Потпретседателот на пратеничката група на германската владејачка Христијанско демократска унија (ЦДУ), Андреас Шокенхоф предложи испраќање на мировен контингент на ОН во Украина, кој би имал мисија да го гарантира прекинот на огнот меѓу двете спротивставени страни што би требало да биде прогласен.

– Сега е неопходно колку што може побрзо да биде прогласено контролирано примирје, изјави Шокенхоф во интервју за весникот „Рајнише Пост“.

Според него, како што јави ИТАР-ТАСС, потребен е целосен прекин на огнот, бидејќи е неприфатливо да се прогласува само еднострано примирје.

– Сега сме во фаза во која би требало да се размислува и за испараќање на „сини шлемови’“ под команда на ОН, нагласи Шокенхоф во интервјуто, додавајќи дека не е исклучено во една ваква мировна мисија да бидат вклучени и германски војници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top