Поранешниот полковник на Војската на Југославија, Золтан Дани, кој го собори невидливиот Ф117 во 1999 година вели дека малезискиот патнички авион бил намерно урнат. Според него невозможно е војникот што ја испукал ракетата да не знаел дека се работи за патнички, цивилен авион.
-Цивилните авиони што летаат на височини од 10.000 метри, каков што е и малезискиот патнички авион што беше срушен, имаат далеку поголема рефлексна површина на радарот од воените – вели Золтан за Јутарњи лист.
Според него спротивното е можно само ако лицето што ја испукало ракетата било комплетен лаик.
-Дури и да мислел дека е во прашање „летачка тврдин“’, авион Б-2 или Б-52, пак не можел да згреши, зашто тие авиони немаат СР-код како цивилните – објаснил Дани, според кој војникот што ја испукал ракетата, доколку сфател дека таа лета кон цивилен патнички авион, можел да ја уништи пред таа да удри во авионот. Доволно било да ја активира шифрата за самоуништување за да се избегне трагедија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун