| четврток, 6 декември 2018 |

Полковникот кој го сруши невидливиот Ф117: малезискиот патнички авион бил намерно урнат

zlatan

Поранешниот полковник на Војската на Југославија, Золтан Дани, кој го собори невидливиот Ф117 во 1999 година вели дека малезискиот патнички авион бил намерно урнат. Според него невозможно е војникот што ја испукал ракетата да не знаел дека се работи за патнички, цивилен авион.

-Цивилните авиони што летаат на височини од 10.000 метри, каков што е и малезискиот патнички авион што беше срушен, имаат далеку поголема рефлексна површина на радарот од воените – вели Золтан за Јутарњи лист.

Според него спротивното е можно само ако лицето што ја испукало ракетата било комплетен лаик.

-Дури и да мислел дека е во прашање „летачка тврдин“’, авион Б-2 или Б-52, пак не можел да згреши, зашто тие авиони немаат СР-код како цивилните –  објаснил Дани, според кој војникот што ја испукал ракетата, доколку сфател дека таа лета кон цивилен патнички авион, можел да ја уништи пред таа да удри во авионот. Доволно било да ја активира шифрата за самоуништување за да се избегне трагедија.

 -Малезискиот авион можел да ја види ракетата, но не можел да стори ништо. Цивилните авиони немаат можност да им ‘бегаат’ на ракети. За жал, пилотот, ако ја видел ракетата, имал само неколку секунди до моментот кога таа го погодила – вели Золтан Дани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top