| четврток, 6 декември 2018 |

Манастирот во Слепче ги крие тајните на ослепената Самуилова војска

Освен што со ве­ко­ви бил ду­хо­вен цен­тар, ма­на­сти­рот во Слеп­че е не­разд­во­ен дел од ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја. Се спо­ме­ну­ва ка­ко ме­сто во кое ре­дов­но пре­сто­ју­ва­ле Ни­ко­ла Kарев и Јор­дан Пи­пер­ка­та, а де­ка ме­стото има­ло бур­на исто­ри­ја све­до­чат и тај­ни­те ту­не­ли, тес­ни­те вр­те­ни ска­ли, ход­ни­ците и со­би­те што се кри­јат во ста­ро­то за­па­ле­но зда­ние до ма­на­стир­ска­та цр­ква чиишто ѕи­до­ви се по­де­бе­ли и од еден и пол ме­тар и чиишто ку­по­ли во­оп­што не се гле­да­ат од­над­вор

Се­ло­то Слеп­че се на­о­ѓа во за­пад­на Ма­ке­до­ни­ја, сме­сте­но е во источ­ни­те па­ди­ни на Или­ни­ца, раз­гра­нок на Биг­ла, на 680 ме­три над­мор­ска ви­со­чи­на, оп­кру­же­но со да­бо­ва шу­ма, не­до­пре­на при­ро­да и би­стра во­да. При­јат­на­та кли­ма и чи­сти­от воз­дух се ви­стин­ски мож­но­сти за од­мор од град­ски­от ме­теж. Та­му, поч­ну­вај­ќи од 7 ју­ли, Иван­ден, во те­кот на три ме­се­ци ќе се ре­а­ли­зи­ра­ат по­ве­ќе актив­но­сти во чест на од­бе­ле­жу­ва­ње­то 1000 го­ди­ни од по­сто­е­ње­то на ма­на­сти­рот „Све­ти Јо­ван Пре­те­ча“ и 1000 го­ди­ни од смрт­та на цар Са­му­ил. Ма­на­сти­рот се сме­та за ед­но од нај­ста­ри­те и најз­на­чај­ни ма­ке­дон­ски ду­хов­ни све­ти­ли­шта, а по­крај одр­жу­ва­ње­то цр­ко­вен со­бор, на све­че­но­сти­те при­сус­тву­ваа и пре­тсе­да­те­лот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, Ѓор­ге Ива­нов, пре­тсе­да­те­лот на МА­НУ, ака­де­мик Вла­до Кам­бов­ски, ду­хов­на по­ра­ка ис­пра­ти­ја акте­ри­те Ра­де Шер­бе­џи­ја, Ме­то Јо­ва­нов­ски, Ана­стас Поп Ди­ми­тров од Бу­га­ри­ја, Ди­ми­три Ор­гоц­ка од Ал­ба­ни­ја, Kри­са Јо­а­ни­ду од Гр­ци­ја и Ни­ко Гор­шич од Сло­ве­ни­ја, а бе­ше из­ве­ден и ре­ци­та­лот „Хе­ру­ви­ми­те на Са­му­и­ло­ва­та кру­на“ од Зо­ран Пеј­ков­ски, во из­вед­ба на би­тол­ски акте­ри.

Reportaza97-2

Се­ло­то Слеп­че со­о­бра­ќај­но е мно­гу при­стап­но и се на­о­ѓа на са­мо 4 ки­ло­ме­три од Де­мир Хи­сар. Од­да­ле­че­но­ста од Скоп­је из­не­су­ва 175 ки­ло­ме­три или око­лу 3 ча­са во­зе­ње, а од При­леп е точ­но 40 ки­ло­ме­три или по­мал­ку од еден час. Па­тот до са­мо­то се­ло е асфал­тен и со улич­но освет­лу­ва­ње. Овој ши­рок асфал­тен пат ќе ве од­не­се до Слеп­че низ кое по­втор­но по асфал­тен пат и од­да­ле­че­ност од око­лу 3 ки­ло­ме­три ќе стиг­не­те до ед­но од нај­го­ле­ми­те ду­хов­ни и кул­тур­но–про­све­ти­тел­ски ма­ке­дон­ски све­ти­ли­шта, ма­на­сти­рот „Све­ти Јо­ван Пре­те­ча“. Пр­ви­те пи­ша­ни по­да­то­ци за по­сто­е­ње­то на ма­на­сти­рот се од 1393/1394 го­ди­на. Ма­на­стир­ска­та цр­ква е зо­гра­фи­са­на во вто­ра­та по­ло­ви­на на 14 век и во по­че­то­кот на 15 век, и тоа со па­рич­на по­мош од кра­тов­ски­от кнез Ди­ми­тар. Пос­лед­ни­от фре­ско­жи­во­пис, кој е за­чу­ван до де­нес, по опу­сто­шу­ва­ње­то во сре­ди­на­та на 19 век, е изра­бо­тен во вто­ра­та по­ло­ви­на на ве­кот. Не е поз­нат точ­ни­от да­тум на осве­ту­ва­ње­то на ма­на­сти­рот. Но, по­стои ле­ген­да спо­ред ко­ја ма­на­сти­рот го по­диг­нал цар Са­му­ил во 1010 го­ди­на по тра­гич­на­та би­тка на пла­ни­на­та Бе­ла­си­ца. Спо­ред таа ле­ген­да, дел од ос­ле­пе­на­та Са­му­и­ло­ва вој­ска, на пат за Охрид, по­ми­на­ла низ Де­мир­хи­сар­ско. А, ед­на гру­па ос­ле­пе­ни вој­ни­ци, по на­ред­ба на Са­му­и­ло­ва­та ќер­ка Ко­са­ра, се на­се­ли­ле во ма­на­стир­ски­от атар по­ра­ди што ма­на­сти­рот бил на­ре­чен Слеп­чен­ски, а ри­дот што се из­ди­га за­пад­но од ма­на­сти­рот, во чест на ца­рот го на­рек­ле Са­му­и­лов рид. Спо­ред иста­та ле­ген­да, овој ма­на­стир имал свој имот ду­ри во Ал­ба­ни­ја, кој бил по­да­рок од Са­му­и­ло­ва­та ќер­ка.

 

Ка­ко ма­на­сти­рот да­ру­ван од ќер­ка­та на Са­му­ил ги спа­си кни­ги­те во 1945 го­ди­на

Во 1945 го­ди­на кни­ги­те и та­пи­и­те на слеп­чен­ски­от ма­на­стир „Све­ти Јо­ван Кр­сти­тел“ би­ле за­па­ле­ни ед­на по ед­на на го­ле­ми­от оган за­па­лен сре­де ма­на­стир­ски­от двор. Но, не­кои се­ла­ни ус­пе­а­ле скриш­но да со­чу­ва­ат дел од та­пи­и­те пред на­ле­тот на при­вр­за­ни­ци­те на но­во­вос­по­ста­ве­на­та власт, кои ед­но­вре­ме­но ре­ши­ле да рас­чи­стат и со ре­ли­ги­ја­та и да по­сег­нат по имо­тот на еден од нај­ста­ри­те и нај­бо­га­ти ма­на­сти­ри во Ма­ке­до­ни­ја, кој свои ни­ви и шу­ми имал ду­ри до Ел­ба­сан во Ал­ба­ни­ја. Мно­гу го­ди­ни по­доц­на тие им ги пре­да­ле спа­се­ни­те та­пии на сво­и­те де­ца и вну­ци со ама­нет еден ден да ги вра­тат ко­га на ова све­то ме­сто по­втор­но ќе има ка­лу­ѓе­ри. Тоа тре­ба­ло да го сто­рат са­мо ако е за­до­во­лен еден ус­лов – но­ви­те мо­на­си тре­ба­ло да се за­др­жат по­дол­го од три го­ди­ни и за тоа вре­ме да на­пра­ват не­што ко­рис­но за да го жив­нат за­пу­сте­ни­от ма­на­стир. По­ве­ќе од по­ло­ви­на век би­ло тај­на де­ка има со­чу­ва­ни та­пии. Во ма­на­сти­рот са­мо ед­наш од 1949 до 1951 го­ди­на има­ло ру­ски мо­на­хи­њи. По­ра­ди проб­ле­ми со мес­но­то на­се­ле­ние, игу­ме­ни­ја­та Се­ла­фи­ла би­ла при­ну­де­на да го на­пу­шти Слеп­че и да се пре­ме­сти во ма­на­сти­рот „Св. Бо­го­ро­ди­ца Пре­чи­ста“ кај Ки­че­во, ка­де што по­доц­на и по­чи­на­ла. А, ко­га дош­ло ви­стин­ско­то вре­ме, по­том­ци­те на не­кол­ку фа­ми­лии од се­ло­то Слеп­че, чии ими­ња и де­нес се др­жат во це­лос­на тај­ност од мал­ку­те­ми­на што во­оп­што ги чу­ле, го ис­пол­ни­ле ама­не­тот што им го оста­ви­ле де­дов­ци­те. Та­пи­и­те би­ле вра­те­ни би­деј­ќи се ис­пол­нил по­ста­ве­ни­от ус­пех – пред 16 го­ди­ни отец Се­ра­фим и мо­на­си­те се вра­ти­ле во ма­на­сти­рот и со го­лем труд и ра­бо­та не са­мо што го жив­наа ту­ку и од не­го на­пра­ви­ја ви­стин­ско ду­хов­но и еко­ном­ско чу­до.

 

Reportaza97-3

Мно­гу­број­ни­те истра­жу­ва­ња и мно­гу­број­ни­те пи­ша­ни и за­чу­ва­ни до­ку­мен­ти се све­дош­тво за бо­га­та­та кни­жев­но-про­све­ти­тел­ска деј­ност што се раз­ви­ла во ма­на­сти­рот во 11 и во 12 век. Ту­ка се пре­пи­шу­ва­ле и пре­ве­ду­ва­ле бо­гос­луж­бе­ни кни­ги, а нај­поз­на­ти­от што бил со со­лид­но бо­гос­лов­ско обра­зо­ва­ние, је­ро­мо­на­хот Ви­са­ри­он, од сво­и­те уче­ни­ци соз­дал и нов кни­же­вен ка­дар.

Ме­ѓу­тоа, низ сво­ја­та исто­ри­ја, а по­ра­ди отсус­тво­то на чо­веч­ка гри­жа и во раз­лич­ни исто­ри­ски пер­и­о­ди и окол­но­сти, ма­на­сти­рот пре­жи­ве­ал не­кол­ку ог­не­ни сти­хии и опу­сто­шу­ва­ња. Зна­чи­тел­но се оште­те­ни ико­но­ста­сот и фре­ско­жи­во­пи­сот, укра­ден или ис­чез­нат е дел од ори­ги­нал­ни­от биб­ли­о­те­чен фонд, а ма­на­стир­ска­та цр­ква би­ла це­лос­но мал­те­ри­са­на. Из­вес­ни ар­те­фа­кти од овој ду­хо­вен спо­ме­ник, ме­ѓу кои го­ле­ми­от зла­тен крст, влез­на­та др­ве­на ол­тар­на вра­та, ка­ко и поз­на­та­та и ре­тка ико­на со чу­до­твор­на моќ, Оди­ги­три­ја (Па­те­во­дил­ка), се за­шти­те­ни и се на­о­ѓа­ат во ма­ке­дон­ски­те на­ци­о­нал­ни ин­сти­ту­ции.

 

Ко­на­кот на Ко­са­ра

Оваа го­ди­на прет­ста­ву­ва пре­диз­вик за си­те пат­ни­ци-на­мер­ни­ци, но и за си­те оста­на­ти да се упа­тат кон Де­мир Хи­сар и кон Слеп­че, кое од не­го е од­да­ле­че­но два ки­ло­ме­тра, за­ра­ди ин­фор­ма­ци­ја­та де­ка ма­на­сти­рот го­ди­на­ва сла­ви ил­ја­да го­ди­ни од сво­е­то ос­но­ва­ње. Мес­но­то на­се­ле­ние твр­ди де­ка ста­ну­ва збор за мно­гу по­ста­ро ме­сто. Се прет­по­ста­ву­ва де­ка Слеп­чен­ски­от ма­на­стир и ма­на­сти­рот во Тре­ска­вец се нај­ста­ри­те во зем­ја­ва и оти два­та по­тек­ну­ва­ат од 7 век. Тре­ба да се на­пра­ви сон­ди­ра­ње и ис­пи­ту­ва­ње од на­у­ка­та за точ­но да се утвр­ди од ко­га да­ти­ра ма­на­сти­рот, но ка­ко си­гу­рен по­да­ток се по­со­чу­ва де­ка ќер­ка­та на цар Са­му­ил, мош­не по­бож­на­та Ко­са­ра, би­ла го­лем до­на­тор на ма­на­сти­рот и во 1010 го­ди­на да­ла па­ри за да се из­гра­ди го­ле­ми­от за­па­ден три­ка­тен ко­нак. Тоа се слу­чи­ло че­ти­ри го­ди­ни пред би­тка­та на Бе­ла­си­ца и ос­ле­пу­ва­ње­то на вој­ска­та на Са­му­ил во Во­до­ча. Ко­га не­го­ва­та вој­ска се пов­ле­ку­ва­ла кон Прес­па пре­ку Бо­го­ми­ла, не са­мо што по­ми­на­ла ту­ку и се за­др­жа­ла во овој крај за што све­до­чат две­те се­ла со исто име Слеп­че – во При­леп­ско и во Де­мир­хи­сар­ско. А и ри­дот спро­ти ма­на­сти­рот го но­си име­то на Са­му­ил

 

Ина­ку, ка­ко и во мно­гу дру­ги ма­на­сти­ри во Ма­ке­до­ни­ја, во „Све­ти Јо­ван Пре­те­ча“ е об­но­вен мо­на­шки­от жи­вот, а по мно­гу ве­ко­ви, по­втор­но е об­но­ве­на и пре­ве­ду­вач­ка­та деј­ност.

– Ма­на­сти­рот не е мно­гу по­се­тен и за­тоа единс­твен на­чин да оп­стои е да има сво­ја еко­но­ми­ја. Со де­на­ци­о­на­ли­за­ци­ја­та не ни бе­ше вра­тен имо­тот што ни при­па­ѓа­ше, ту­ку ни бе­ше ком­пен­зи­ра­но со пар­це­ли што не ни се бли­ску. Се­пак, са­ми ја обра­бо­ту­ва­ме зем­ја­та што ја има­ме и се тру­ди­ме на ор­ган­ски на­чин да про­из­ве­де­ме сѐ што ни е по­треб­но. Одг­ле­ду­ва­ме јун­ци, кра­ви, ко­зи и ов­ци, а про­из­ве­ду­ва­ме и си­ре­ње, ме­со и из­вар­ка. Чу­ва­ме пче­ли и про­да­ва­ме мед и про­из­во­ди од мед. Се­то тоа се по­стиг­ну­ва со 13 лу­ѓе кои по­сто­ја­но жи­ве­ат во два­та ма­на­сти­ра би­деј­ќи со Жур­че има­ме за­ед­нич­ка еко­но­ми­ја и со уште не­кол­ку­ми­на што се ту­ка по­вре­ме­но – ве­лат от­та­му.

Освен тоа, ма­на­сти­рот во Слеп­че има и ре­ги­стри­ра­ни лег­ла за шарп­ла­нин­ци, а се­стри­те пле­тат, ве­зат, ши­јат и пра­ват џем и мар­ма­лад од не­пр­ска­ни ја­бол­ка и од дру­ги пло­до­ви. На­мер­ни­ци­те мо­же да ку­пат од сѐ што се про­из­ве­ду­ва во ма­на­сти­рот. Ку­ри­о­зи­тет е што ма­на­сти­рот ус­пе­ва да го снаб­ди со све­жо мле­ко и се­ло­то Слеп­че, чии ре­чи­си ил­ја­да жи­те­ли се отка­жа­ле од чу­ва­ње кра­ви.

Отка­ко мо­на­си­те се вра­те­ни во ма­на­сти­рот, ве­ќе не се доз­во­ле­ни сла­ве­ња и пра­ве­ње пик­ник со ска­ра и глас­на му­зи­ка. Се­га се­кој е до­бре­дој­ден ка­ко го­стин, но за вре­ме на сво­јот пре­стој тре­ба да се вкло­пи во куќ­ни­от ред што вла­дее та­му.

Reportaza97-4

Тај­ни­те ход­ни­ци ја кри­јат исто­ри­ја­та

Освен што со ве­ко­ви бил ду­хо­вен цен­тар, ма­на­сти­рот во Слеп­че е не­разд­во­ен дел од ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја. Се спо­ме­ну­ва ка­ко ме­сто во кое ре­дов­но пре­сто­ју­ва­ле Ни­ко­ла Kарев и Јор­дан Пи­пер­ка­та, а та­му му би­ло пре­су­де­но и на ко­до­шот од При­бил­ци, кој ја пре­дал сво­ја­та че­та со 17 ко­ми­ти. Во еден пер­и­од ко­га не­мал мо­на­си, ма­на­сти­рот имал ле­ар­ни­ца за оруж­је. Де­ка ова ме­сто има­ло бур­на исто­ри­ја све­до­чат и тај­ни­те ту­не­ли, тес­ни­те вр­те­ни ска­ли, ход­ни­ци­те и со­би­те што се кри­јат во ста­ро­то за­па­ле­но зда­ние до ма­на­стир­ска­та цр­ква чи­и­што ѕи­до­ви се по­де­бе­ли и од еден и пол ме­тар и чии ку­по­ли во­оп­што и не се гле­да­ат од­над­вор. Тај­ни­те пре­ми­ни и про­сто­рии ги про­наш­ле се­гаш­ни­те мо­на­си кои ко­га ја рас­чи­сту­ва­ле фур­на­та, ко­ја ве­ќе не­ма да се ко­ри­сти, са­ка­ле да ви­дат што се крие зад мно­гу­број­ни­те ин­тер­вен­ции на ѕи­до­ви­те пра­ве­ни во раз­лич­ни вре­ми­ња. Вна­тре е вле­зот во скрив­ни­ца­та во виз­ба­та од ка­де што има­ло и та­ен из­лез од ма­на­сти­рот пре­ку кој без­бед­но мо­же­ло да се из­ле­зе во бли­ска­та шу­ма. По не­кол­ку ве­ка, овој пат е пре­ки­нат по­ра­ди нев­ни­ма­ние ко­га се про­би­вал се­гаш­ни­от асфал­ти­ран пат до ма­на­сти­рот

 

Слеп­чен­ски­от ма­на­стир, ка­ко еден од ду­хов­но нај­раз­ви­е­ни­те цен­три, бил че­сто огра­бу­ван, па­лен и уни­шту­ван. Два­па­ти, во 13 и во 17 век, бил комп­лет­но за­па­лен од Ар­на­у­ти­те и од Тур­ци­те, кои то­гаш ги уби­ле и си­те мо­на­си. А, и се­га се гле­да ште­та­та од пос­лед­ни­от по­жар во 1970 го­ди­на ко­га, по­ра­ди нев­ни­ма­ние од за­па­ле­ни­те све­ќи, на­стра­дал дел од ол­та­рот. По­ра­ди се­то тоа, ов­де мал­ку е оста­на­то од ста­ри­от автен­ти­чен фре­ско­жи­во­пис и од на­да­ле­ку поз­на­та­та пли­тка слеп­чен­ска рез­ба, за ко­ја се ве­ли де­ла е мно­гу по­те­шка и по­де­ли­кат­на за изра­бо­тка откол­ку дла­бо­ка­та рез­ба. Во ма­на­сти­рот мо­же да се ви­ди пев­ни­ца на­пра­ве­на во пли­тка рез­ба и реп­ли­ка од ико­на­та „Св. Бо­го­ро­ди­ца Па­те­во­ди­тел­ка“, ко­ја се сме­та за ед­на од нај­вред­ни­те и е ра­мо до ра­мо со уште не­кол­ку во це­ли­от ре­ги­он. Освен фре­ски­те над вле­зот во ма­на­стир­ски­от комп­лекс кои се од по­стар да­тум, жи­во­пи­сот во ма­на­стир­ска­та цр­ква е од 19 век, во ли­ков­но мно­гу по­си­ро­ма­шен стил кој ги на­пу­штил ста­ри­те ка­но­ни на пра­вос­ла­ви­е­то. По­го­ле­ми­от дел од автен­тич­ни­те вред­но­сти одам­на не се во ма­на­сти­рот – ста­ри­те две­ри се во Со­фи­ја и во Бел­град, а вред­ни­те ико­ни во Скоп­је.

По­ра­ди тоа, мо­на­си­те по­ми­на­ле обу­ка за да изра­бо­ту­ва­ат ико­ни во автен­ти­чен стил и ве­ќе има­ат не­кол­ку го­то­ви, а сла­ва­та на не­ко­гаш­ни­от кни­же­вен и пре­ве­ду­вач­ки цен­тар во Слеп­че, чи­и­што ра­ко­пи­си со ма­на­стир­ски­от пе­чат и де­нес се чу­ва­ат во ла­ври­те во Ру­си­ја, по­ле­ка се вра­ќа со 21 из­да­де­на кни­га и 170 ака­ти­сти што ги под­го­тви се­стринс­тво­то од со­сед­ни­от ма­на­стир во Жур­че, за кој над­ле­жен ду­хов­ник, исто та­ка, е отец Се­ра­фим.

 

(Пишува: Невена Поповска
Текст објавен во 97. број на неделникот „Република“, 11.07.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top