| четврток, 6 декември 2018 |

Средба на Самарас и Меркел во Брисел

Грчкиот премиер Андонис Самарас синоќа се сретна со германската канцелрка Ангела Меркел како дел од напорите да ги убеди клучните лидери пред оценката на тројката кредитори во септември дека на Грција треба да и се дозволи да ги намали даноците и да се продолжи периодот за плаќање на фирмите и индивидуалците кои и должат пари на државата, јави дописникот на МИА од Атина.

angela-merkel-antonis-samaras

Двајцата политичари се сретнаа на маргините на состанокот на Европската народна партија и пред вечерата на Европскиот совет. По состанокот немало никакви изјави но извори од грчката страна соопштиле дека Самарас на Меркел и ги презентирал последните фискални статистики и бројките што се однесуваат на зголемување на бројот на туристи. Тие исто така разговарале за враќање на Грција на меѓународните пазари на хартии од вредност и растечкиот интерес за инвстирање од страна на Кина.

Грчки извори истакнале дека немало никакви обиди од страна на Самарас, ниту ќе има, да ги убеди кредиторите на земјата да ги олеснат целите за структурно прилагодување. Грција се уште има да исполни уште 600 чекори до есен. Наместо тоа, Самарас сака да се фокусира на желбата на владејачката коалиција да ги намали даноците и на оние кои должат да им обезбеди „простор за дишење“. Се очекува после состанокот со Меркел тој да им го предложи ова и на другите кредитори од еврозоната.

Според весникот „Етнос“, пак, Меркел се интересираа за буџетот на Грција и наводно прашала „дали и втората половина од годината ќе биде исто толку добра колку и правата“. Министерот за финансии Гикас Хардувелис ја уверил дека буџетот ќе биде исполнет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top