Вечрева во Будва во реванш натпреварот од полуфналето во европската лига во одбојка Македонија загуби од Црна Гора со 1-3 (21-25, 25-13, 22-25, 23-25) во сетови.
Со овој резултат Македонија се избори за „златен сет“ во кој загуби 10-15 и со тоа ја пропушти шансата за пласман во историското финале во европската лига.
Македонија одигра одличен натпревар и во сите четири сета од регуларниот меч водеа голема битка за секој освоен поен.
Сепак нијансите во завршницата од секој сет одлучуваа за победникот. Црна Гора покажа дека е репрезентација која заслужува да игра во финалето против Грција која направи денеска изненадување во Марибор и ја совлада домашната репрезентација на Словенија со 3-1.
Во првиот натпревар Словенија победи во Грција со 3-2 и се очекуваше дека лесно ќе мине во финалето.
Победникот од финалето во европската лига обезбедува пласман во Светската лига во следната натпреварувачка сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.