Дваесет и три награди со износ од 1.790.000 денари се доделени на првиот конкурсен рок за 2014 година за нарачка на дела од областа на класичната музика. Конкурсот за стимулација на творештвото од областа на класичната музика, со кој на годишно ниво се предвидува создавање на 50 композиции од различен вид и за различни изведувачки состави и формации, во февруари го објави Министерството за култура. Во првиот Конкурсен рок за 2014 година за нарачка на музички дела од областа на класичната музика, до Министерството за култура биле поднесени 36 апликации за 9 различни категории. Пет пристигнати апликации не ги исполниле условите согласно конкурсот и тие композиции биле дисквалификувани и не биле проследени на евалуација од страна на стручните комисии.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, рече дека доделени се девет први награди со вкупен износ од 785.000 денари, девет втори награди со износ од 640.000 денари и пет трети награди со износ од 365.000 денари. – Комисијата задолжена за избор на композиции за детски хор во состав: Сашо Татарчевски, Викторија Коларовска-Гмирја и Марко Коловски одлучи наградите во оваа категорија да ги добијат:Прва награда со освоени 17 бодови за композицијата на авторот Гоце Гавриловски, втора награда со освоени 14 бодови за композицијата на авторот Теа Богатинова, а трета награда со освоени 13 бодови за композицијата на авторот Вулнет Таири, истакна Канческа-Милевска.
Посочи дека Комисијата задолжена за избор на композиции од категоријата соло-песни во состав: Роза Нолчева, Валтон Бекири и Марко Коловски утврдила дека во оваа категорија ќе се додели прва награда со освоени 17 бодови за композицијата на авторот Љубомир Бранѓолица и втора награда со освоени 15 бодови за композицијата на авторот Вулнет Таири. – Комисијата задолжена за избор на композиции од четврта категорија – мандолински оркестар во состав: Сашо Татарчевски, Валтон Бекири и Марко Коловски утврди дека во оваа категорија ќе бидат доделени: прва награда со освоени 17 бодови за композицијата на авторот Тодор Трајчевски и втора награда со освоени 14 бодови за композицијата на авторот Филип Иванов, потенцира Канческа-Милевска.
Таа рече дека Комисијата задолжена за избор на композиции од петта категорија, солистички композиции за мелодиски инструмент во состав Владимир Костов, Иван Бркљачиќ и Тина Иванова утврди дека во оваа категорија ќе се додели прва награда со освоени 20 бодови за композицијата на авторот Симона Симуноска-Бакревска и втора награда со освоени 11 бодови за композицијата на авторот Гоце Гавриловски. Комисијата задолжена за избор на композиции од седма категорија-Акузматични композиции во состав Тина Иванова, Роза Нолчева и Роберт Нормандо, посочи министерката, додели прва награда со освоени 22 бодови за композицијата на авторот Роберт Саздов, втора награда со освоени 20 бодови за композицијата на авторот Никола Димушевски и трета награда со освоени 13 бодови за композицијата на авторот Влатко Ѓорѓиев.
– Композициите за биг бенд ги евалуираше комисија во состав Стефан Шултсе, Дејв Вилсон, Оле Матисен и Сашо Татарчевски, која одлучи да додели прва награда со освоени 30 бодови за композицијата на авторот Владимир Николов и втора награда со освоени 23 бодови за композицијата на авторот Илија Пејовски, рече Канческа-Милевска.
Во категоријата композиции за две пијана или четирирачно пијано ќе бидат доделени прва награда со освоени 23 бодови за композицијата на авторот Драган Стојковски, втора награда со освоени 22 бодови за композицијата на авторот Јана Андреевска Димитровска и награда со освоени 19 бодови за композицијата на авторот Елизабета Илиевска. Во категоријата композиции за камерен состав од пет или повеќе инструменти по слободен избор од вкупно пет пристигнати дела се доделени прва награда со освоени 30 бодови за композицијата на авторот Дарија Андовска, втора награда со освоени 29 бодови за композицијата на авторот Панде Шахов и трета награда со освоени 26 бодови за композицијата на авторот Ана Пандевска. Во категоријата оркестарски композиции доделена е прва награда со освоени 50,5 бодови за композицијата на авторот Александар Пејовски, втора награда со освоени 43,5 бодови за композицијата на авторот Сони Петровски и трета награда со освоени 41 бод за композицијата на авторот Мирослав Спасов.
– Композициите кои согласно решението за избор на комисија ги оценуваше тричлена комисија требаше да освојат најмалку 10, а најмногу 30 бода. Композициите кои ги избираше четичлена комисија беше потребно да добијат најмалку 15 а најмногу 40 бода, додека композициите кои ги оценуваше шестчлена комисија требаше да освојат најмалку 20, а најмногу 60 бода, истакна Канческа-Милевска.
Посочи дека вториот конкурсен рок за нарачка на поголемите вокално-инструментални форми, концерт, ораториум, опера и други дела за 2014 година завршува на 15 ноември, а резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 15 декември.
– За Програмата за поттикнување на домашното уметничко творештво од областа на класичната музика Министерството ќе издвојува по шест милиони денари за секоја година поединечно. Министерството ќе ја поддржи и работата на неодамна формираниот ансамбл на Сојузот на композиторите кој заедно со националните установи, Македонската филхармонија и МОБ ќе ги изведе во наредниот период сите наградени дела, рече Канческа-Милевска.
Таа изрази уверување дека реализацијата на овие конкурси ќе го зголеми интересот и на младите автори да се занимаваат со оваа исклучително важна творечка професија, која овозможува нашата држава да поседува навистина вредно музичко наследство кое не издвојува во европскиот културен контекст.
– Стимулирањето на домашното уметничко творештво е еден од врвните приоритети на Министерството кое се поддржува и развива во сите дејности од областа на културата. Преку Годишната програма од национален интерес Министерството континуирано обезбедува поддршка за создавање нови дела со кои се збогатува македонската уметничка продукција. Изминатиот период, согласно Стратегијата за развој на културата 2013-2017, спроведовме посебни мерки, нарачки и откупи на дела кои верувам дека ќе имаат уште поголеми придобивки во контекст на збогатувањето на националните фондови но, и на афирмацијата на улогата и статусот на авторот, додаде Канческа-Милевска.
Претседателот на Сојузот на композиторите на Македонија, Сони Петровски рече дека преку мерките на Министерството имаат можност да инвестираат преку музичкото творештво и во музичката култура. Музикологот и член на Комисијата за избор, Марко Коловски истакна дека меѓу 60, 70, па и 100 композиции кои се создавале годишно во 60-тите и почетокот на 70-тите години, во првата деценија на 21 век годишно има едвај дваесетина композиции и повеќето од нив благодарение на поддршката на Министерството за култура.
– Оваа година е преземен значаен радикален чекор во смисла на стимулацијата на музичкото творештво кој не може да ги избрише негативните последици кои се создадени претходните два децении, ниту пак мислам дека во еден момент се направи пресврт во музичкото творештво. На половина од годинашниот конкурс имаме 36 новосоздадени композиции, што значи дека бројот на новосоздадени дела ќе биде најмалку 60 или 70, вклучувајќи ги и оние кои ќе ги има надвор од конкурсот. Ние ќе стигнеме до бројка која ќе биде многу поголема, додаде Коловски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Васо Ристов е „момче за се“ во културата: Можно ли е четири високи функции да обавува истовремено?
-
Министерството за култура ќе распише нови огласи за поништените седум конкурси за директори
-
Новиот закон за култура ќе има контрола врз темите, идеите и пораките што ги праќаат творбите и филмовите
-
Министерот за култура Асаф Адеми не го гледал филмот на Бојаџи, но според “трилерот” проценил дека е навредлив за Албанците