| четврток, 6 декември 2018 |

„Да не беше Светското првенство, немаше да ја запознаам љубовта на мојот живот“

Колумбиската пејачка Шакира призна дека благодарение на Светското првенство се сретна со љубовта на својот живот. Згодната 37-годишна русокоса се сретна со Жерар Пике, таткото на нејзиниот син на финалето на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, кога нејзината песна „Waka Waka” беше официјална песна на мундијалот, а тој со својата репрезентација Шпанија го подигна златниот пехар на финалето.

Ако не постоеше „Waka Waka“, нмаше да постои ни син ми Милан – вели Шакира.

Шакира и годинава беше дел од Светското првенство, а нејзината песна „Ла Ла Ла (Бразил 2014)” настапи на затворањето на мундијалот на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро во Бразил..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top