| четврток, 6 декември 2018 |

Марадона ограбен од поранешната девојка

Поранешната девојка на аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона, 22-годишната Росио Олива е обвинета дека го ограбила нејзиното поранешно момче, поради што издаден е налог за нејзино приведување во Дубаи.

Олива наводно од Марадона украла неколку часовници и дијамантски обетки. Марадона минатиот месец отпатува во Дубаи поради работни обврски, и таму ја поднел тужбата против неговата поранешна девојка.

– Обвинителството издаде налог за апсење на осомничената на 9 јули – изјави обвинителот за „Галф њуз“ и додаде дека обвинителството ќе комуницира со Интерпол за да се издаде наредба за меѓународна потерница по поранешната девојка на Марадона.

Олива се вратила во Аргентина и изјави дека сите обвиненија против неа се лажни. Таа го тужеше Марадона за физичко насилство, а тие двајца минатиот месец во Рио де Жанеиро неуспешно се обиделе да ги надминат несогласувањата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top