| четврток, 6 декември 2018 |

Сѐ повеќе летни авантури завршуваат како долги врски

Студијата спроведена од страна на британскиот туристички сајт „Icelolly“ врз 2.000 двојки, покажа дека сѐ повеќе летни авантури се зацврстуваат.

Така, секој шести пар, кој е врска подолго од пет години, се сретнал во текот на летото или за време на годишниот одмор, а 46 отсто изјавиле дека нивниот прв бакнеж бил токму во ова време од годината. Повеќето парови признаваат дека се постраствени за време на летните месеци,  отколку кога се дома.

– Луѓето се посреќни, порелаксирани и оптимисти во лето, отколку во било кое друго време од годината, а кога таквото расположение го сместите во убава околина, тоа е одличен рецепт за романса – велат истражувачите.

Најпопуларните места за размена на нежности се плажа, базен, море и ноќни клубови.

Најголем „виновник“ што летната авантура продолжува и кога секој се враќа дома, во последните пет години го имаат социјалните мрежи, со чија помош понатамошната комуникација е полесна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top