Поетскиот карван на Друштвото на писателите на Македонија продолжува во Прилеп. На 27 јули, пред манастирот Св.Ѓорѓија во селото Присад, Прилепско, ќе настапат поетите Василе Димески, Елена Пренџова, Бобан Богатиновски, Марина Мијаковска, Марта Маркоска, Васо Николовски и Перо Миленкоски.
Во карванот на ДПМ, до крајот на годината, ќе учествуваат шеесет поети во рамките на проектот „Почувствувај ја Македонија“, со цел афирмација и доближување на литературното творештво до читателите.
Карванот започна на 22 јуни во Дебар, вчера се одржа во Охрид, а сега, преку Прилеп, ќе продолжи низ повеќе градови од земјата, меѓу кои, Велес, Куманово, Гостивар, Битола, Неготино, Струмица, Виница и Штип. Средбите со љубителите на пишаниот збор, се одржуваат на неконвенционален начин, на отворен простор, и се во функција на запознавање со природните убавини, историските знаменитости и духовните светилишта на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


