| четврток, 6 декември 2018 |

Критичарите го осудија првиот официјален портрет на Кејт Мидлтон

На официјалниот портрет војвотката од Кембриџ изгледа многу постара од 31 година колку што има во моментов

Kate-3

Уметникот Пол Емсли доби прилика прв да ја овековечи на платно војвотката од Кембриџ, но критиките во печатот го осудија неговото дело.

-Незнам дали е ова Кејт или нејзината баба, беше само една од оценките на портретот на кој војвотката навистина изгледа многу постара.

-Косата како да и побелува, а има и линии на лицето, сенки и брчки кои ги нема во реалноста. Портретот е досаден, очаен и вистинска катастрофа, напиша Робин Сајмон, уредник на „Британскиот весник за уметност“.

Kate-2

На откривањето присуствувале и Кејт и принцот Вилијам кои изразиле задоволство од направеното.

Британскиот печат не се согласи со љубезните пофалби на кралската двојка и делото на Емсли го прогласи за навреда за војвотката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top