Уметникот Пол Емсли доби прилика прв да ја овековечи на платно војвотката од Кембриџ, но критиките во печатот го осудија неговото дело.
-Незнам дали е ова Кејт или нејзината баба, беше само една од оценките на портретот на кој војвотката навистина изгледа многу постара.
-Косата како да и побелува, а има и линии на лицето, сенки и брчки кои ги нема во реалноста. Портретот е досаден, очаен и вистинска катастрофа, напиша Робин Сајмон, уредник на „Британскиот весник за уметност“.
На откривањето присуствувале и Кејт и принцот Вилијам кои изразиле задоволство од направеното.
Британскиот печат не се согласи со љубезните пофалби на кралската двојка и делото на Емсли го прогласи за навреда за војвотката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.