| четврток, 6 декември 2018 |

Бразилска книжевна треска во „Антолог“

unnamed

„Антолог“ ги објави книгите „Врвна уметност“ од Рубен Фонсека и „Деликатно злосторство“од Сержио Сант`Ана, и двајцата од Бразил. Досега ги имавме во превод на македонски само делата на Бразилецот Пауло Куелјо, а отсега уште двајца во светот мошне ценети писатели.

Првиот е Рубен Фонсека (1925), кој кариерата ја почнал како обичен полицаец кој потоа, станал висок полициски комесар. Авторот не дава интервјуа, исто како и неговиот личен пријател од Америка, Томас Пинчон. Книгите му се полни насилство и секс, и ги сметаат за револуционерни во бразилската литература. Речиси сите современи бразилски писатели ја истакнуваат важноста на Фонсека. Во 2003 година ја добива наградата Камоеш, која се смета за најголема награда за автори кои пишуваат на португалски јазик.

Сержио Сант’Ана (1941), роден во Рио де Жанеиро. Спаѓа меѓу најпровокативните авторски имиња од Бразил. Претставник е на книжевната авангарда, поврзувајќи ги експериментот и новото. Цела една нова генерација бразилски писатели е под силно влијание на творештвото на Сант’Ана.

Неговиот роман Деликатно злосторство е напната приказна на Антонио Мартинс, сместена во фантастичниот Рио. Тој е театарски критичар кој еден ден по игра на случајот (ако постои такво нешто) ќе се вплетка со Агнес, млада куца жена за која не знае речиси ништо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top