Универзална сала – Скопjе, во соработка со проект-платформата за развој на креативните индустрии „Скопје креатива“, по пат на јавен повик ги покани модните креатори од нашата земја да учествуваат во изработката на дизајн за униформи на членовите на Градскиот дувачки орекстар на Град Скопје.

– Проектот има цел да го поттикне креативниот сектор од областа на модниот дизајн, да создадат висококвалитетни решенија, кои ќе се одликуваат со иновативност, оригинална ликовна изразност и впечатливост. За најдоброто идејно решение ќе одлучува три члена жири-комисија, а првопласираниот дизајн ќе добие награда од 60 илјади денари. Јавниот повик трае до први септември, а условите и пропозициите за учество може да се најдат на веб-платофрмата www.skopjkreativa.mk или на www.univerzalna.com.mk ,велат организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


