| четврток, 6 декември 2018 |

Парадно дефиле на Градскиот дувачки оркестар низ улиците на Скопје

Градскиот дувачки оркестар при Младинскиот културен центар денеска, 2 април, со почеток во 11.30 часот, ќе одржи парадно дефиле низ улиците на Скопје.

Оркестарот ќе тргне од Музејот на Град Скопје и свирејќи ќе се движи по улицата „Македонија“, сè до плоштадот „Македонија“.

Во рамки на дефилето ќе бидат отсвирени пригодни маршови, како и делови од најпознатите светски маршови соодветни за вакви парадни концерти.

На оваа саботна музичка променада ќе биде изведена следната програма – Младински марш, Вардаре македонски, Патриотски марш, Дикси парада, Вашингтон постмарш, Трета македонска бригада, Огномет на слободата, Во спомен на Ваташа, Работнички и За сите деца.

Концертот е во организација на Град Скопје и Младинскиот културен центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top