Денеска од полноќ и во наредните 24 часа грчките цариници ќе штрајкуваат, па на граничните премини Богородица и Меџитлија сообраќајот ќе се одвива во одреден режим.
На двата гранични премини во наредните 24 часа нема да се одвива сообраќајот на товарни моторни возила. На преминот Меџитлија ќе има измени и во патничкиот и автобускиот сообраќај, односно оваа категорија возила ќе се пропуштаат повремено. На преминот Богородица патниот и автобускиот сообраќај ќе се одвива нормално.
Само на преминот Стар Дојран нема да има никакви ограничувања на сообраќајот.
Македонските погранични служби при Министерствотото за внатрешни работи вечерва за ова биле информирани од грчките гранични служби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.