Хрватската пејачка Лидија Бачиќ е дисквалификувана од „Сплитски фестивал“ бидејќи нејзината песна „Криви човјек“ е плагијат на песната која македонската пејачка Тијана Дапчевиќ ја испеала пред пет години, а во нејзината верзија се вика „Погрешен човек“.
На овогодинашниот фестивал во Хрватска, песната на Лидија влегла во топ 26 песни, а бидејќи на фестивалот мораат да бидат исклучиво изеведени премиерни песни за кои авторот тврди дека дотогаш никаде не се изведени, песната е дисквалификувана.
– Песната не е плагијат. Миро Буљан ми ја понуди таа песна бидејќи сметал дека би можела најдобро да се изведе. Не бил задоволен од изведбата на Тијана Дапчевиќ – тврди Лидија Бачиќ (28) за „24сата.хр“.
Авторот, според неа, има право песната да ја продаде по еднаш во секоја држава. Лидија рекла дека поради тоа песната е лиценцирана како нова во Хрватска, и дека не ѝ пречи што нејзината нова песна веќе е отпеана и позната.
– Видеосотот е прегледан за три дена повеќе од 60.000 пати што значи дека мојата верзија публиката ја прифатила – додава таа.
Иронијата а биде поголема, Лидија е победник во категоријата најслушана песна меѓу двата фестивали за минатогодишната песна „Возачка дозвола“, но пејачката одлучила да не ја подигне наградата.
Тијана Дапчевиќ, пак, која во моментот со синот и сопругот е на одмор во Грција, за српски „Пулсонлајн“ вели дека не знае зошто композиторот Миро Буљан ја понудил истата песна.
– Во моментот сум на плажа и се сончам, а овде сум веќе еден месец. Откако сум овде воопшто не ги следам медиумите и буквално пред малку Милан ми рече дека тоа го прочитал на некој портал. Видете, Миро Буљан е мој голем пријател, тој ја направи оваа песна. Веројатно ѝ ја продал/подарил истата таа песна…претпоставувајќи дека… не знам што, всушност, претпоставил кога истата песна ја дал на друга жена – вели Тијана.
На изјавата на Лидија дека песната ја добила бидејќи пее подобро, Тијана се изнасмеала.
– Слушни го ова, само можам да се насмеам на овој коментар, ха, ха, ха… Баш се сомневам дека Миро дал таков коментар. Нека таа сега се вади со тие изјави? И ја понудил таа песна за да ја испее подобро, ма ајде, мислам дека тоа е една голема заблуда. Голема грешка на младата пејачка како и да се вика, лоша реклама… Но мора некако да стане популарна во Србија – изјавила Тијана за Пулсонлајн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)