| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска пејачка дисквалификувана поради плагијат на песна на Тијана (ВИДЕО)

Хрватската пејачка Лидија Бачиќ е дисквалификувана од „Сплитски фестивал“ бидејќи нејзината песна „Криви човјек“ е плагијат на песната која македонската пејачка Тијана Дапчевиќ ја испеала пред пет години, а во нејзината верзија се вика „Погрешен човек“.

На овогодинашниот фестивал во Хрватска, песната на Лидија влегла во топ 26 песни, а бидејќи на фестивалот мораат да бидат исклучиво изеведени премиерни песни за кои авторот тврди дека дотогаш никаде не се изведени, песната е дисквалификувана.

Песната не е плагијат. Миро Буљан ми ја понуди таа песна бидејќи сметал дека би можела најдобро да се изведе. Не бил задоволен од изведбата на Тијана Дапчевиќ – тврди Лидија Бачиќ (28) за „24сата.хр“.

Авторот, според неа, има право песната да ја продаде по еднаш во секоја држава. Лидија рекла дека поради тоа песната е лиценцирана како нова во Хрватска, и дека не ѝ пречи што нејзината нова песна веќе е отпеана и позната.

Видеосотот е прегледан за три дена повеќе од 60.000 пати што значи дека мојата верзија публиката ја прифатила – додава таа.

lidija-bacic

Иронијата а биде поголема, Лидија е победник во категоријата најслушана песна меѓу двата фестивали за минатогодишната песна „Возачка дозвола“, но пејачката одлучила да не ја подигне наградата.

Тијана Дапчевиќ, пак, која во моментот со синот и сопругот е на одмор во Грција, за српски „Пулсонлајн“ вели дека не знае зошто композиторот Миро Буљан ја понудил истата песна.

tijana

Во моментот сум на плажа и се сончам, а овде сум веќе еден месец. Откако сум овде воопшто не ги следам медиумите и буквално пред малку Милан ми рече дека тоа го прочитал на некој портал. Видете, Миро Буљан е мој голем пријател, тој ја направи оваа песна. Веројатно ѝ ја продал/подарил истата таа песна…претпоставувајќи дека… не знам што, всушност, претпоставил кога истата песна ја дал на друга жена – вели Тијана.

На изјавата на Лидија дека песната ја добила бидејќи пее подобро, Тијана се изнасмеала.

Слушни го ова, само можам да се насмеам на овој коментар, ха, ха, ха… Баш се сомневам дека Миро дал таков коментар. Нека таа сега се вади со тие изјави? И ја понудил таа песна за да ја испее подобро, ма ајде, мислам дека тоа е една голема заблуда. Голема грешка на младата пејачка како и да се вика, лоша реклама… Но мора некако да стане популарна во Србија – изјавила Тијана за Пулсонлајн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top