Кинески хотелиер од градот Хенан дојде на иновативна идеја да понуди евтино хотелско сместување во канализациски бетонски цевки.
Овие „соби“ најверојатно не можат да се пофалат со комфор, а не нудат ни убав поглед, но секако никој не може да ја оспори оригиналноста на идејата.
Хотелските „соби на новата генерација“ се сместени во петнаесет цевки опкружени со зеленило. Секоја „соба“ има клима-апарат, а тие се предвидени првенствено за двојки.
Цевките од надвор се насликани со улични графити, што им дава урбан карактер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.