Жестока конфронтација се случува од почетокот на вечерашниот централен одбор на Социјалдемократскиот сојуз кој има единствена точка на дневен ред – се носи одлука дали да се оди на локални избори или тие дефинитивно да се бојкотираат.
Струмичкиот градоначалник од самиот почеток на состанокот започнал да дебатира за потребата од одење на избори дознава „Република“ од партиски извори во СДСМ кои сметаат дека партијта треба да ја искористи шансата и да оди на изборен мегдан.
Во одбрана на ставот на Црвенковски кој сеуште инсистира на бојкот најгласни биле најблиските соработници на лидерот на СДСМ Наташа Савова, Игор Ивановски Шема и Андреј Петров.
Голем дел од членовите на централниот одбор сеуште не се изјаснуваат за своите позиции во очекување на судирот Заев – Црвенковски но за разлика од последниот состанок бројот на оние што се за избори и кои ги поддржувале ставот на Заев е неколкукратно поголем.
Дел од присутните го коментирале и заедничкото писмо на мисиите на ЕУ , НАТО и и САД испратено непосредно пред почетокот на состанокот на Бихаќка. Според нив со оглед на тајмингот доцна попладне писмото е директна порака до Црвенковски од меѓународната заедница да го прекине бојкотот и да оди на избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


