Три лица погинале на истокот на Камбоџа спасувајќи пес кој паднал во бунар, соопшти денеска локалната полиција.
Трагедијата се случила синоќа во зафрленото подрачје од провинцијата Кратија, кога 25-годишниот Сај Фала се спуштил во бунарот длабок десет метри за да го спаси својот миленик, пренесоа светските агенции.
-Тој со јаже се спуштил на дното од бунарот, но набрзо се задушил заради недостаток од кислород, изјави шефот на локалната полиција Мен Бунтоен.
Во очајничкиот обид да ги спасат момчето и кучето, во бунарот потоа се спуштиле еден сосед и 64-годишната мајка на Фала, но и тие починале.
Не е познато како песот, кој, исто така не ја преживеал несреќата, успеал да ја прескокне оградата околу бунарот.
Камбоџа е една од најсиромашните земји од југоисточна Азија, а според податоците на Светската банка, околу 20 отсто од населението живее во длабока сиромаштија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.