| четврток, 6 декември 2018 |

По шест месеци ѝ извадиле пенкало од стомакот

Тајванските доктори биле шокирани откако од желудникот на 20-годишна девојка извадиле наливно пенкало долго десет сантиметри, кое стоело внатре половина година, пишува „Шангајист“.

Поради болки во желудникот, кои, според зборовите на девојката, траеле шест месеци, лекарот ѝ дијагностицирал депресија.

Меѓутоа, рендгенот ја открил вистинската причина, а пенкалото набрзо било извадено од нејзиниот желудник. Лекарите тврдат дека последиците можеле да бидат кобни.

Девојката најверојатно го голтнала пенкалото по пијанство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top