Тајванските доктори биле шокирани откако од желудникот на 20-годишна девојка извадиле наливно пенкало долго десет сантиметри, кое стоело внатре половина година, пишува „Шангајист“.
Поради болки во желудникот, кои, според зборовите на девојката, траеле шест месеци, лекарот ѝ дијагностицирал депресија.
Меѓутоа, рендгенот ја открил вистинската причина, а пенкалото набрзо било извадено од нејзиниот желудник. Лекарите тврдат дека последиците можеле да бидат кобни.
Девојката најверојатно го голтнала пенкалото по пијанство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.