| четврток, 6 декември 2018 |

Отровни пенкала и љубовници-убијци: Како ЦИА по 600 обиди не успеа да го убие Кастро

151026monicamaritafidel

Уште од комунистичката револуција во Кубa – 1959 година, американската влада имала „идеолошки конфликт“ со авторитативната влада на најголемиот карибски остров. Добро е познат неуспешниот обид за контрареволуција во Заливот на свињите, но останатите методи на ЦИА за да го бутне од власт Фидел Кастро и не се така познати.

Како што пишува Ројтерс, кубанската разузнавачка служба тврди дека повеќе од 600 пати имало неупешни обиди за атентат на Фидел, а зад повеќето од нив стои токму ЦИА. Еден од најбизарните било вбризгувањето на токсини во една од пурите на Кастро со кои постојано бил фотографиран.

Помеѓу комичните обиди може да се смести и планот Кастро да остане без својата сакана брада, поточно обидот тие да направат да му опадне, што требало драстично да ја намали неговата популарност кај нарадот…

Фабијан Ескаланте во 2006 година сите тие неуспешни обиди за атентати над Фидел Кастро ги објавил во книгата „620 начини да се убие Касто“, а делото подоцна било преточено во документарец на Канал 4.

FILE - This June 6, 1977 file photo shows ABC news correspondent Barbara Walters, left, being driven by Cuban leader Fidel Castro on a sightseeing tour in Cuba.  On Friday, May 16, 2014, capping a spectacular half-century run she began as the so-called "Today" Girl, Walters will exit ABC's "The View." Behind the scenes she will remain as an executive producer of the New York-based talk show she created 17 years ago, and make ABC News appearances as events warrant and stories catch her interest.  (AP Photo/ABC, File)

Документи од времето кога претседател на САД беше Бил Клинтон укажуваат дека било предложено дури и експлозив да се сокрие во некоја школка, затоа што Кастро бил страствен нуркач. Уште една од помалку лудите идеи била неговиот нуркачки костим да се натопи со хемикалија од која ќе се зарази со тешка кожна болест.

Случајно или не, на денот кога бил убоен Џон Кенеди, ЦИА на потенцијален атантатор на Кастро му дала пенкало со отров. Еден од пребеганите Кубанци во Париз се сретнал со оперативец на ЦИА кој му предал пенкало кое во него имало скриен шприц. Тоа требало да биде употрбено кога Кубанецот би се вратил на островот.

Една од поранешните љубовници на Фидел, исто така била вмешана во негов обид за убиство. Меѓутоа, отровната пилула која и била дадена како оружје, наводно се стопила во кутија од крема за лице во која таа ја имала скриено.

160215223527_sp_fidel_640x360_getty

Одамна е мртов, ова се двојници

ЦИА се од 1959 година потрошила безброј часови смислувајќи многу начини како да го убие Фидел. Во еден случај биле поставени 90 кила експлозив под подиумот каде требало да држи говор, а имало бројни „класични“ обиди за убиство со снајпер и преку членови на мафијата.

Од друга страна пак, некои теоретичари  со години се обидуваа да го убедат светот дека Кастро всушност е одамна мртов и дека со години се појавуваат негови двојници. Индепендент на шега пишува дека сега кога Кастро е мртов, на оперативците на ЦИА ќе им биде здодевно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top