| четврток, 6 декември 2018 |

Објавена поемата „Џез“ од Александар Кукулев

Излезе од печат поемата „Џез“(Jazz), првата  книга со поезија на Александар Сашко Кукулев.

– Веќе подзаборавениот литературен облик на поемата со сите предности, но и сложености кои сами по себе произлегуваат од овој специфичен начин на изразување, доаѓаат до израз во поемата „Џез“. Мотивот на авторот е невообичаен (џез), меѓутоа во исто време  претставува предизвик за разбирање на значењата кои се содржани во поширокиот контекст на литературна рецепција. Иако на прв поглед е изненадување зошто овој мотив е избран дури и за наслов на поемата, веќе по првото читање станува јасно дека џезот овде е симболика како на внатрешната рецепција на себеси, така и на сите надворешни елементи кои го структурираат животот на секоја индивидуа, а во конкретниот случај поврзан со суптилни означувања на македонското насекаде.

Џезот отсекогаш бил не само музичко, туку и симболичко упатување кон културните матрици , и во тоа е неговата специфика, неговата вредност како можна визура за доживување на сѐ, и на себеси и на светот, и на другите и на највозвишените фантазии. И затоа авторот го искористува овој позитивно-вредносен бекграунд на џезот во процесот на пишување, како рефлексија на сопствени лични доживувања на најсуптилните слоеви, од сѐ што е значајно за него – вели Иво Шлаус, претеседател на Светската академија на науките и уметностите.

Поемата е печатена на македонски, англиски, турски, српски и на хрватски јазик. Заедно со печатеното издание,читателите ќе добијат и цеде со аудиоверзија на поемата во интерпретација на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top