Излезе од печат поемата „Џез“(Jazz), првата книга со поезија на Александар Сашко Кукулев.
– Веќе подзаборавениот литературен облик на поемата со сите предности, но и сложености кои сами по себе произлегуваат од овој специфичен начин на изразување, доаѓаат до израз во поемата „Џез“. Мотивот на авторот е невообичаен (џез), меѓутоа во исто време претставува предизвик за разбирање на значењата кои се содржани во поширокиот контекст на литературна рецепција. Иако на прв поглед е изненадување зошто овој мотив е избран дури и за наслов на поемата, веќе по првото читање станува јасно дека џезот овде е симболика како на внатрешната рецепција на себеси, така и на сите надворешни елементи кои го структурираат животот на секоја индивидуа, а во конкретниот случај поврзан со суптилни означувања на македонското насекаде.
Џезот отсекогаш бил не само музичко, туку и симболичко упатување кон културните матрици , и во тоа е неговата специфика, неговата вредност како можна визура за доживување на сѐ, и на себеси и на светот, и на другите и на највозвишените фантазии. И затоа авторот го искористува овој позитивно-вредносен бекграунд на џезот во процесот на пишување, како рефлексија на сопствени лични доживувања на најсуптилните слоеви, од сѐ што е значајно за него – вели Иво Шлаус, претеседател на Светската академија на науките и уметностите.
Поемата е печатена на македонски, англиски, турски, српски и на хрватски јазик. Заедно со печатеното издание,читателите ќе добијат и цеде со аудиоверзија на поемата во интерпретација на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Затворање на „Есенски музички свечености“: Фантастичниот виолинист Никита Борисо-Глебски со Македонската филхармонија
-
Наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2016 година доделена на „Македонски стар и нов завет“ под шифра „Библија“
-
Изложба на слики од Чатмов и промоција на поемата „Jazz“ од Кукулев во „Концепт 37“