| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на слики од Чатмов и промоција на поемата „Jazz“ од Кукулев во „Концепт 37“

Скопското кафуле Концепт 37” беше домаќин на ликовната изложбата Креативност и Мизеријана академскиот сликар Трајче Чатмов, а воедно беше промовирана и поемата Џез на писателот и сценарист Александар Сашко Кукулев.

Оваа несекојдневна симбиоза на стихови инспирирани од Џезот како музички правец, во која се испреплетуваат љубовта и ликовниот експресионизам, бездруго претставува уникатен настан.

Ориентиран од експресионистичкиот изразен метод, академскиот уметник Чатмов на својата изложба “Creativity and misery”, пред публиката претставува платна на кои се насликани доживувањата на суштината на човековиот емоционален аспект. Тој потполно се апстрахира од визуелниот домен на реалноста, и го напушта секое вообичаено нешто кое обичното око има тенденција да не го забележи.

Токму со нагласувањето на ритамот на џезот и љубовта, Поемата Џез – ја рефлектира единственоста на моментот што го живееме и не упатува на храброста и бeстрашноста – толку потребни во денешо време, вели  Претседателот на Светската Академија на науки и уметности Иво Шлаус, еден од рецензентите на поемата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top