| четврток, 6 декември 2018 |

Дубаи го добива најголемиот подводен тематски парк

dubai-page2

Дубаи е местото на светот каде што и најскриените желби може да станат реалност. Откако во Дубаи беше изграден најголемиот и најстрашен тобоган на светот во водениот парк, сега е на ред најголемата светска подводна атракција – „Бисерот на Дубаи“.

dubai-page1

Тематскиот подводен парк ќе биде дизајниран од страна на уметничкиот тим кој ги создаде филмовите „Аватар“ и „Пиратите од Карибите“, а ќе се гради по примерот на митскиот град Атлантис.

Подводниот комплекс ќе биде отворен за сите нуркачи, дури и за деца.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top