Топлото време го зголеми бројот на пациенти на Клиниката за инфективни болести кои се пожалиле на труење со храна. Минатата недела лекарска помош на Клиниката побарале 97 пациенти поради дехидрираност, повраќање и дијареја.
Дел од нив имале клиничка слика на труење со храна, велат од Инфективна. Меѓу пациентите имало и деца и возрасни.
Од Клиниката информираат дека се работи за изолирани случаи, труењето се случило дома и досега оваа година не било евидентирано труење со епидемиолошки размери.
Лекарите советуваат граѓаните да внимаваат каква храна купуваат и како ја подготвуваат. Задолжително да обрнат внимание и на хигиената на рацете. Според лекарите, бактеријата салмонела е најчест причинител за труењата со храна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.