| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија потопена од поројните дождови

Поројните дождови кои паднаа во текот на вчерашниот ден и ноќеска буквално ја потопија државава. Според извештаите на Центарот за управување со кризи, од надојдените води излеаја над дваесет реки ширум земјава, преплавени се и сериозно загрозени неколку брани на акумулациони езера, поплавени се над 60 села и стотици хектари земјоделска површина. Надојдени води урнаа и тешко оштетија неколку мостови и поплавија дел од железничката пруга...

Еве каква е состојбата со поплавените места по региони:

 Скопски регион

Во општина Илинден поради покачување на подземните води поплавени се околу 20тина куќи. Во општина Гази Баба имало излевање на реката Пчиња кај с.Горно Коњаре.

Кумановски регион

Реката Пчиња излеала во делот кај што се влева Крива Река во Клечовскиот регион. Поплавени се површини и куќи во селата Бељаковце, Довезенце, Јачинце и Клечовце. Во с.Пчиња поплавени се 6 куќи и постои опасност од рушење на мостот во с.Пчиња за што е потребна итна интервеција за да се избегнат несаканите последици. Во с.Бељаковце излеана е Крива Река и поплавени се повеќе куќи и направена е материјална штета. Зафатени се селата Шупли Камен, Зубовце, Доврошане се до „Бислим“. Во 11,30 часот во текот на вчерашниот ден дошло до излевање на Кумановска река во населеното место Средорек. Поплавени се околу 60 куќи а нивото на водата е околу 2 метра. Има излевање на Којнарска река во нас. Долно Којнаре на ул.Никола Тесла.

Во општина Старо Нагоричане има излевање на река Пчиња во атар на с.Коинце. Загрозен е мостот во с.Коинце и поплавено е околното земјиште.

Во општина Липково има излевање на Случанска и Матејачка река во речиси целиот нејзин тек. Најпогодени се селата Опае и Лопате. Висната на водата е 1 метар.

Во општина Кратово мостот кај с.Куклица мостот е натрупан со речни наноси и има излевање на водата.

poplavaБитолски регион

Во општина Битола поради неисчистена каналска мрежа дошло до  поплавување на дворови од куќи во атар на с.Логоворди.

Во општина Долнени заради излевање на канал поплавени се земјоделскии површини и дворови.

Во општина Прилеп имало излевање на Црна Река во атар на селото Тројкрсти.

На територија на општина Демир Хисар во реонот на с.Света има мало излевање на Црна Река и истата поплавила помали површини со ливади. На патниот правец с.Вардино-с.Бараково-с.Бучим има излевање на Црна река. Поплавени се околу 10 хектари на земјоделско земјиште. Имало и излевање на р.Жаба во атар на Ново Село, при што биле поплаввени околу 15 хектари на земјоделско земјиште.

Охридски регион

РЦУК – Охрид, известува дека и понатаму продолжува истекување на водата во подножјето на браната во село Слатино. Приливот на водата во акумулацијата е голем.slatino brana

Во општина Македонски Брод има излевање на реката Треска во атар на с.Пласница. Полавени се пониските делови претежно со ливади и овоштарници.

Во општина Кичево има излевање на реката Треска при што поплавени се земјоделски површини од околу 300 хектари од кои 70-80 хектари се обработливи повтшини во селта: Деленци, Стаорец, Вранешница, Атишта, Челопеци, Лисичани, и Пласница. Нивото на реката Треска во моментот е во опаѓање.

Струмички регион
На територијата на општина Струмица сеуште е во прекин патниот правец с. Раборци – Попчево поради оштетување на мостот на Маркова река кај с. Раборци.

novo selo poplavaРека Струмица се излева кај м.в. Карбино, с.Просениково, с. Дабиља , с. Босилово с. Секирник, и кај Стопанство – Сушица.

Река Турија се излева  кај с. Турново. Моноспитовкиот канал се излева кај с. Мурино и го поплавува селото и околните површини. Делумно  или  целосно поплавени се селата: Сачево, Дабиље, Муртино, Моноспитово, Турново ,Просениково, Добрејци, Сушево и Сарај. Мостот на река Турија на патот с.Просениково -с. Сарај не е прооден.

Браните: Иловица, Новоселка и Маркова река се полни и преливаат.

Во општина Василево сеуште во прекин се водоснабдувањето и електроснабдувањето во с.Сушево, со вода за пиење се  снабдуваат  од цистерна. Сеуште се непроодни  улиците во селото. Поплавено е цело  село Пиперево и е непроодно од сите страни. Поплавени се земјоделските површини и дел од населените места:  Ангелци, Градашорци, Владевци и Василево.

Во општина Босилово е скинат десниот брег на р.Струмица во атарот на с. Секирник кон с. Зубово. Скинат левиот брег на р. Струмица на излезот од с. Босилово кај погон ТДДИ – Паралидови, и го загрозува магистралниот пат М-6.

На територија на општина Гевгелија опасност од излевање на Мрзенска река кај с. Мрзенци. Испратена е механизација за санирање.

Прекинат е железничкиот сообраќај на делница Гевгелија – с. Миравци, поради поплавеност на пругата.

На територијата на општина Радовиш урнат е потпорен зид на улица Ана Поцкова- Радовиш. Урнат е мостот на реката Струмица кај с. Злеово. Сеуште има прекин на сообраќајот и телефонските врски во с. Злеово.

poplava strumicaНа територијата на општината Валандово излеана е  река Вардар над мостот на с.Марвинци кај пумпите на Вардарска долина.

Прекинат е цевководот за вода за пиење кај Азарлиска река– однесено околу 1 км. Населението се снабдува со вода за пиење од бунари.

Поплавени се 300 куќи во с.Јосифово. Скината е линијата на  водоводот во с. Јосифово. Оштетен е асфалт кај с. Балинци.

Велешки регион

Во текот на ноќта поплавени се 80 куќи на улиците Кумановска, Чичевачка и Никола Вапцаров во Свети Николе. Нивото на излеаната вода од реките Мавровица и Периш кои во градот ја формираат реката Свети Николска, почна да опаѓа. Главната трафостаница во градот Свети Николе е поплавена и поради тоа градот Свети Николе  е без електрична енергија од 05,00 ч. утрово. Во општина Велес, мостот помеѓу селата Сојаклари и Кумарино е во опасност поради затрупан канал. Дел од улица во Иванковци е однесена од порој во текот на ноќта.  Одговорните лица во ЕЛС Велес се на терен и превземаат мерки се санирање на состојбите.

Во општина Квадарци во атар на с.Глишиќ и Марена има излевање на реката Луда Мара. Поплавени се овошни и лозови насади на површина од околу 3 хектари.

 

Штипски регион

Во Општината Чешиново- Облешево кај с.Жиганци дојде до излевање на река Злетовица и веке се поплавени неколку куќи. Месното население се самоорганизира и прават насип со вреќи со  песок и бали со слама . Исто така патниот правец село Тркање-Бање- Спанчево е тешко прооден поради прелевање на атмосферска вода преку истиот, а патниот правец с.Спанчево -с.Соколарци – с:Жиганци е непрооден или тешко прооден поради голем доток на вода на истиот.

Во село Уларци поплавени се околу 80 куќи, во село Жиганци има поплавено 8 куќи и помошни простории за стока. Заради излевање на Кочанска река во село Долни Подлог поплавени се дворни површини на 7 куќи. Кочанска река има излевање на повеке места и тоа: помеѓу селата Облешево и Теранци каде се поплавени  околу 100 хектари оризни површини; и помегу селата Долни Подлог и Облешево каде е поплавено земјоделско земјиште. Оризарска река има излевање над вливот на  река Брегалница каде е поплавено земјоделско земјиште поголеми површини. Ободниот канал село Бања -Злетовска река е пробиен  (искинат) кај село Бање во ширина од 2-3 метри поради што водата се излева во земјоделски површини. Во општина Зрновци излеани се: Зрновска река, Морошка река и Видовишка река и тоа во полскиот предел и поплавена е обработлива земјоделска површина, штети на стамбени објекти и на помошни објекти нема. Во село Мородвис од надојдената Морошка река на неколку места се ископани водоводните цевки .

Има излевање и на  река Осојница во нејзиниот среден и долен тек, кај место, Пеклански мост, Скараница, и Липечко поле каде се поплавени обработливи површини од десетина хектари кои сега се незасеани.

Поголемо излевање на река Осојница има кај м.в. Слив каде е поплавена  фирма за сепарирање на песок, како и обработливи површини од  десетина  хектари кои во моментот не се засеани.

Зафатените површини се обработливи, но во моментот не се засеани.

Има излевање на река Сушица кај место викано Сушички мост каде е поплавне локалниот пат во должина од 50 метри кај мостот, кон село Виничка Кршла кој е тешко прооден, а има и поплавени обработливи површини во истиот дел кои сега  не се засеани.

pisica

 

Поради обилен доток на вода во брана „Пишица“ и покрај тоа што беа отворени сите испусни вентили дојде до нагло зголемување на нивото на водата  во браната при што на повеќе места преку круната на браната предизвика излевање на вода. Заради превенција беа евакуирани жителите и добитокот од повеќе куќи во селото кои се наогаат на пониско ниво од браната.

Нивото на браната во моментот е намалено меѓутоа сериозен проблем преставува настанатиот процеп на дел на круната на браната каде имаше најголемо прелевање на водата и е создаден

процеп од должина околу 10 метра и длабочина од 3 до 4 метри. Состојбата будно се следи. На местото на настанот е Раководителот на РЦУК-Пробиштип , ДЗС и службени лица од ПС-МВР Пробиштип.

Во Ново Село-Штип дојде до излевање на река Брегалница при што дојде до поплавувае на неколку куќи на ул. Димитар Влахов и поплавување на дел од патот. На лице место излегоа ТППЕ- Штип, ДЗС и СВР-Штип. Сообрќајот е пренасочен.

Реката Брегалница е излеана кај с.Аргулица, Крупиште, Карбинци и Долни Балван. Во с.Радање оштетен патот с.Оџалија. (15 метри). Поплавено е 1.200 хектари посеви житарици.

Нивото на реката Брегалница е зголемено и до  овој момент се има излеано кај с. Разловци  и има поплавено   земједолско земјиште (во моментот  површината на поплавеното земјиште не ни е позната но од исказите на месното население не е големо). Исто така  реката Брегалница се има излеано и кај селото Очипала каде има поплавено земјоделско земјиште  и се има излеано и кај селото Драмче.

Реката Желевица се има излеано во с. Тработивиште каде има поплавено земјоделско земјиште но во моментот не ни  е позната површината на поплавеното земјиште. Населени места нема загрозрно од надојдените води.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top