Почитувајќи ја тазе востановената традиција секој нов лидер да има канибалистички мотиви и докази дека е подготвен да јаде живо месо најголемата опозициона партија со акламација и декларација за нов заменик лидер и потпремиер во сенка го избра најдобиот уругвајски играч Луис Суарез.
Се очекува Суарез исто како што и поранешниот лидер вршеше две функции бидејќи една не го задоволуваше, да има две работни места.
Од понеделник до петок Уругваецот ќе биде партиски лидер и ќе тренира во Скопје а во сабота и недела ќе игра за Косовскиот фудбалски клуб Хајвалија кој што успеа да го доведе хонорарно уругвајскиот мајстор пред големата Барселона.
Се очекува Суарез да заработува 1200 евра месечно. Партиската плата сеуште не е утврдена а делумно ќе се компензира со Месарницата ФМ од Дупени.
„Еми тој ќе биде големо засилување за нашата партија, тој е бил одличен играч со одлични инстинкти што се неопходими за политика, знае да намириса месо и знае да поентира во вистински момент. Затоа сне ногу задоволни што од оваа сезона заедно со нашио лидер и целата опозиција ќе јадејме живо месо и ќе пиејме од мастиката се додека не станејме прваци на изборите“ изјави висок претставник на некогаш големата партија.
—————————————————————————————————————————————————————-
*** Целта на „Војвода Бихаќки“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со правите луѓе и институции е случајна.
Војвода Бихаќки
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.