Второто дело на Ксенија Николова, насловено „Идиотски раскази“ вечерва ќе биде промовирано во „Галерија 8“. Читатателската публика Николова ја памети по книгата „Ова не се Ромео и Јулија“, која за прв пат кај нас беше промовирана со видео приказни.
-Знаеш мене колку ми тешко? Мене најмногу ми е тешко. Јас сум најнормален од сите нив, а морам да се правам луд. Да се правам дека не сум добар. Да ми речат – тебе нешто ти фали. Да се согласам – тоа е. Да мирисам на депресија. Да останувам последен по шанкови. Да те видам, да ти кажам – каде со таа кошула? Да те прашам – 4, 5 кила во најмала рака? Да те исмејувам. Да гарантирам дека мора да си глупава. Мора, мора. Да те замразам. Да се здружам со твоите душмани. Да седнеме на маса, да ти бараме грешки. Да ти кроиме планови, како мали кртови.
Да правам тоа цело време. Да бидам тоа цело време. А, да умирам од љубов по тебе цело време, пишува Николова.
Да правам тоа цело време. Да бидам тоа цело време. А, да умирам од љубов по тебе цело време, пишува Николова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.