Поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид Диего Коста е нов член на Челси, потврди лондонскиот клуб.
На официјалниот сајт на „сините“ се појави вест дека клубот од „Стемфорд Бриџ“ постигнал договор со Атлетико Мадрид и дека останува само уште Бразилецот да ги помине лекарските прегледи.
За да ги осигура услугите на најголемата ѕвезда во дресот на Атлетико, сопственикот на Челзи мораше да ја исплати ослободителната клаузула во неговиот договор, вредна 44 мил. евра.
– Од поодамна имам желба да играм во Премиер лигата. Зошто се одлучив за Челси? Затоа што е најдобриот англиски клуб – изјави Коста за англиските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.