Три бебиња се излечени од вирусот ХИВ, откако примиле нова, револуционерна вакцина и тоа само неколку часа откако се родиле.
Четвртото дете, кое исто така примило вакцина, имало помало ниво на вирусот, по третманот. Ова беше соопштено на конференцијата за СИДА која се одржа во Мелбурн, Австралија и досега ова е најголем напредок во борба против вирусот ХИВ и болеста СИДА.
– Во овој момент лекарите не знаат дали бебињата се во потполност излечени, бидејќи не знаат дали вирусот ќе се врати. Знаеме дека постои можност лицата кои ќе примат ваква вакцина во рано доба, да бидат излечени. Некои луѓе примиле вакцина и сега веќе не користат лекови и нивниот вирус е под контрола. Но, мора уште да се истражува. Најдобар начин бебето да се излечи од вирусот е мајката да се лечи за време на бременоста – изјави докторот Шарон Левин.
Бебето кое прими вакцина во Мисисипи во 2010 година официјално е прогласено за излечено во 2013 година. Бебето добило три антиретровирусни тераписки лекови, а првата вакцина ја примила 30 часа по раѓањето. По 20 дена вирусот веќе не бил во нејзиното тело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.