Уживањето во сексот и ова лето нека ви биде приоритет, но не по секоја цена. Поради овие грешки можете да се каете до крајот на животот.
Чувајте ги кондомите на ладно место
Високите температури можат да го оштетат кондомот. Не изложувајте ги на топло. На тој начин ќе можете да се „почестите“ со полово преносливи болести, но и несакана бременост.
Чувајте се од врели страсти во вода
Секс во базен звучи примамливо, но не е најдобра идеја. Водата го трга природниот лубрикант кој телото го лачи и освен триење се зголемува ризикот од бактерии и вируси. Затоа ризикот од болести е поголем.
Секс во природа? Размислете уште еднаш
Ништо не може да го расипе расположението за секс како што тоа можат да го сторат здодевните инсекти. Треба да се земе предвид и негативната страна на сонцето.
Пиење на алкохол од телото
Пиење на алкохол како текила од стомак во жешките денови не е баш најдобра идеја. Лимонот на кожата може да остави изгореници, посебно ако сте изложени директно на сонце.
Не избегнувајте ја потта
Не плашете се од потта, таа ќе ве направи уште попривлечни. Иако мирисот на потта не се повзрува со нешто што е пријатно, потта во текот на сексот ги привлекува партнерите и ја зголемува желбата како и сексуалниот нагон.
Секогаш имајте шише вода покрај креветот
Сексот во летните месеци наликува на мини тренинг. Со тoа губите многу течност, но тоа не е добро. Пожелно е покрај креветот да држите шише вода за да го надоместите губитокот.
Не брзате
Високите температури се виновни за зголемување на потењето кое може да биде непријатно и да ви го расипе расположението. Наместо тоа најдобро е да успорите и да уживате во страстите. Истражувањата потврдиле дека жените и мажите доживеале посилен оргазам кога се поспори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.