| четврток, 6 декември 2018 |

Со изложба на фотографот Роберт Атанасовски „Галерија 8“ ќе прослави три години од постоењето

галерија 8

Просторот „Галерија 8“ во Скопската стара чаршија, утре, на 1 јули, во вторник прославува три години од постоењето со изложба на македонскиот фотограф Роберт Атанасовски.

„Луѓе“ e насловот на изложбата на Атанасовски кој во својата кариера работел како фоторепортер и уредник на фотографија во дневните весници „Дневник“, „Време“ „Нова Македонија“, а сега е во порталот „Мкд“. Тој е и дописник на агенцијата „Франс прес“, кој има освоено и повеќе награди.

– Со она што го раскажува фотографскиот објектив на Роко ќе уживаме цела вечер, а друштво ќе ни прави и светски популарниот академски сликар од Босна, Адим Хебиб. Тој оваа година заокоружува 35 години ликовна работа. Неговите дела ги има насекаде низ светот – во Ватикан, Греманскиот президиум, Истанбул, Сараево, Загреб, Гетебург, Инсбрук, Осло, но и во домовите на низа познати јавни личности и државници од целиот свет – велат од „Галерија 8“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top