Фудбалскиот клуб Интер го повлече од употреба дресот со број четири кој му припаѓаше на легендарниот капитен Хавиер Занети.
Занети минатата сезона ја заврши фудбалската кариера, а се очекува во наредните две години да стане и потпретседател на „нероаѕурите“.
– Занети за две години ќе биде потпретседател. Клубот одлучи да го повлече дресот со број четири – изјави претседателот на Интер, Ерик Тохир.
Занети за Интер одигра 858 натпревари и постигна 21 погодок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


